25 Април, 2024
0.0264

Распити, рочишта, притвори - СЈО во полн ефект пред избори

Објавено во: Анализа 29 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Не помина ни една недела од кампањата СЈО во полн ефект ги продолжи судските процеси за повеќе предмети кои на некој начин привлекоа и повеќе внимание од актуелните прашања за локалните избори. Од вакво сценарио се плашеа многумина сурогати на ВМРО-ДПМНЕ кои потенцираа дека СЈО ќе биде употребено во политички цели со цел да се нарушел угледот на поранешните владини функционери и луѓе блиски на Никола Груевски. 

Секако, неколку рочишта и распити не може да уништат шанси на цела една партија, но се добар потсетник на се што произлезе од „бомбите“, целото незадоволство од претходната власт која се издигна на ниво на непобедливост и арогантност со својата моќ. 

Одржувањата на рочиштата не зависи и само од СЈО, туку и од судовите, па затоа и не треба да се врзуваат некакви пресложени теории на завера иако вчера токму двата предмета, „Шамари во Центар“ и „Транспортер“ се директно врзани со локалната власт. 

Добро е познат телефонскиот разговор во кој Груевски нарачува шамари за градоначалникот Жерновски, додека пак во вториот случај главен осомничен е градоначалникот на Битола Владимир Талески за коруптивен договор за јавен превоз на ученици. 

Исто така неодамна притвор му беше одреден и на Едмонд Темелко, градоначалникот на Пустец Едмонд Темелко кој е осомничен за изборни измами и носење на гласачи од Албанија токму на изминатите локални избори. Засега нема нови анкети кои би го измериле јавното мислење за да се види дали евентуално СЈО може да влијае кај определбата на гласачите. До првиот круг има уште петнаесетина дена, па засега е рано да се даваат таков вид на прогнози.

Х.С.