29 Март, 2024
0.0280

Расправа во Врховен: Тема жалбата на СЈО за замрзнување на имотот на ВМРО ДПМНЕ

Објавено во: Македонија 18 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Во Врховниот суд за денес е најавена расправа по барањето на СЈО за замрзнување на имотот на ВМРО-ДПМНЕ. 

Ова барање на Специјалното јавно обвинителство беше одбиено од Скопскиот кривичен суд. 

Имено, од СЈО бараат замрзнување на имотот на ВМРО-ДПМНЕ врз основа на случајот „Талир“ за нелегално финансирање а до Врховниот суд СЈО поднесе барање за заштита на законитоста. 

СЈО за поднесените 17 обвиненија до сега од судот не добило нити еден одговор дали се прифатени или не.

Случај Талир: Незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ. Груевски под истрага

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски е прво осомничен во новиот предмет што го отвори Специјалното јавно обвинителство под кодното име „Талир“, а кој се однесува на незаконско  финансирање на партијата, перење пари, злоупотреба на службена положба и овластвување.

Според СЈО, Груевски формирал злосторничко здружување кои вршеле готовински уплати на партиската сметка, а се прикажувале како лични.  На овој начин во периодот од 2009 до 2015 година на партиската сметка незаконски легнале 5 милиони евра. Парите се прикажувале како донации и се трошеле за купување недвижен имот, пдомируивање партиските трошоци, хотели, ресторани. Според истрагата на СЈО, во посочениот период, дневните уплати се движеле од 12 илјади до 30 илјади евра. Најголемите уплати се направиле во 2013 и во 2015 година. 

Со парите биле склучени 78 договори за купување недвижен имот, а дел од овој имот не се користел за партиски, туку за приватни цели. Меѓу купениот има канцлеарии кои и ден денес немаат партиски обележја, но има и ниви и пасишта. Меѓу осомничените освен Груевски има и директори на центарот за комуникации и генерални секретари. Во времето кое е предмет на истрагата, на оваа функција беше Илија Димовски, а во 2015 го замени Иво Котевски. Во предметот не се наведува дали и Котевски е опфатен со истрагата. Како генерелани секретари во тој период се Кирил Божиновски, Емил Димитриев, Мартин Протуѓер.

Незаконсконското финансирање се вршело и на други начини. Односно партијата се финансирала и преку договор за коинвеститорство во што била вмешана компанијата Бетон. Откако склучиле договор со фирмата АД Бетон кој го изгради новото партиско седиште, фирмата донирала над два милони евра во касата на партијата, донацијата која партијата по закон не смеела да ја прифати оти фирмата извршувала јавни работи.. Во случајот „Талир“ се осомничени 14 лица, од кои 11 се сомничат за перење пари и незаконско  финансирање на партијата. СЈО издаде 12 барања за привремена мерка за одземање и замрзнување на имот за кои постои сомнение дека е купен со нелегални пари. 

Можеби ќе ве интересира

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

СЕ ОГЛАСИ ЛИДИЈА ДИМОВА: Во присуство на Исмајлоска, Заев побара од мене да ја повлечам пријавата за злоупотреба на 2,2 милиони евра

СЕ ОГЛАСИ ЛИДИЈА ДИМОВА: Во присуство на Исмајлоска, Заев побара од мене да ја повлечам пријавата за злоупотреба на 2,2 милиони евра

(ВИДЕО) Љубе Бошковски и Стојанче Ангелов рамо до рамо со Христијан Мицкоски

(ВИДЕО) Љубе Бошковски и Стојанче Ангелов рамо до рамо со Христијан Мицкоски

„ДУИ мисли на договор со кој цела територија на Македонија ќе се покрие со казина“: Хајредини со остра критика

„ДУИ мисли на договор со кој цела територија на Македонија ќе се покрие со казина“: Хајредини со остра критика

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница