Раст на извозните цени на индустриските производи за 3,3%
Објавено во: Економија, Финансии 16 Ноември, 2012
Продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари во септември биле повисоки за 3,3 отсто на месечно ниво, а пониски за 3,5 проценти на годишно ниво.
Продажните цени на производителите во споредба со август 2012 биле повисоки во секторот Рударство и вадење камен за 1,7 отсто, како и во секторот Преработувачка индустрија за 3,5 проценти, соопшти Државниот завод за статистика..
Од друга страна пак, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари во септември 2012 во споредба со септември мината година , се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 4,5 отсто, додека се пониски за 4,3% во Преработувачката индустрија.