24 Април, 2024
0.0259

Раст на преработувачката индустрија, кои фактори доведоа до зголемување?

Објавено во: Економија 28 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Во земјава е забележан раст на преработувачката индустрија како резултат на повеќе фактори. 

Индексот на индустриското производство во септември 2016 година, во однос на септември 2015 година, изнесува 104.6, стои во соопштението на Државниот завод за статистика. 

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот рударство и вадење на камен во септември 2016  година, во однос на септември лани има пораст од 0.3%. Во секторот преработувачка индустрија има пораст од 4.7%, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација е забележан пораст од 21.5%.

Зголемувањето во секторот преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во  следните оддели: производство на тутунски производи, производство на текстил, производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, производство на производи од гума и производи од 
пластични маси, производство на други неметални минерални производи, производство на електрична  опрема,  машини и уреди, моторни возила, приколки и полуприколки и производство на мебел.

Според главните индустриски групи, производството во септември 2016 година, во однос на септември 2015  година, бележи пораст кај енергија за 6.2 %, капитални производи за 26.7% и трајни производи за широка  потрошувачка за 72.4%, додека опаѓање бележи кај интермедијарни производи, освен енергија за 1.0% и 
нетрајни производи за широка потрошувачка за 2.3%.

Индексот на индустриското производство во периодот јануари - септември 2016 година, во однос на периодот  јануари - септември 2015 година, изнесува 105.4.


Можеби ќе ве интересира

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава