29 Март, 2024
0.0253

Расте невработеноста во Хрватска, највисока во изминатите 10 години

Објавено во: Балкан 22 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

Во Хрватска во декември минатата година, според податоците објавени денеска од Државниот завод за статистика, стапката на невработеност се зголемила од  20,4 на  21,1 отсто, што е највисоко ниво од март 2003 година. „Просечната стапка на невработеност за минатата година достигна 19,1 отсто, што е највисоко ниво на невработеност од 2003 година,  кога  невработени беа 19,5 отсто", изјави директорот на Дирекцијата за економски истражувања Рајфајзен Австрија, Зринка Живковиќ Матијевиќ. Таа истакнува дека Хрватска, која има типичен сезонски пазарот на труд, па во туристичката сезона има зголемување на вработеноста, а следната сезона има опаѓање, што дополнително е оптоварено со пролонгираната рецесија. „Рецесијата трае четири години, не постои економско закрепнување, приватниот сектор се прилагодува на лошите околности, па оттука и високата невработеност главно доаѓа од приватниот сектор", вели Живковиќ Матијевиќ. Сдуг проблем, покрај рецесијата, е домашниот пазар на труд и структурните проблеми со кои се соочува. „Споредбата на стапката на невработеност во Хрватски со други периферни земји во Европа, покажува дека повеќе или помалку сите имаат слични карактеристики. Сите овие земји страдаат од структурни проблеми и дисбаланс на понудата и побарувачката на пазарот на трудот, која доаѓа од образовниот систем кој не ги задоволува потребите на пазарите ", вели Живковиќ Матијевиќ и додава дека наскоро не очекува закрепнување на пазарот на труд.

Можеби ќе ве интересира

ВЕШТАЧЕН Е ТЕЛЕФОНОТ НА МАЈКАТА НА ДАНКА: На денот на исчезнувањето на девојчето бришела повици и пораки

ВЕШТАЧЕН Е ТЕЛЕФОНОТ НА МАЈКАТА НА ДАНКА: На денот на исчезнувањето на девојчето бришела повици и пораки

УАПСЕНИ ЧЕТВОРИЦА МАЛОЛЕТНИЦИ ВО БИХ- еден ученик донел пиштол во училиште, со другарите планирале грабеж

УАПСЕНИ ЧЕТВОРИЦА МАЛОЛЕТНИЦИ ВО БИХ- еден ученик донел пиштол во училиште, со другарите планирале грабеж

Започна уредувањето на просторат за „италијанскиот“ емигрантски камп во Албанија

Започна уредувањето на просторат за „италијанскиот“ емигрантски камп во Албанија

МАЈКАТА ПРЕД ИСЧЕЗНУВАЊЕТО ЈА СЛИКАЛА ДАНКА ОД ТРИ АГЛИ - Курир дознава дека се прегледани околните тунели и детето го нема

МАЈКАТА ПРЕД ИСЧЕЗНУВАЊЕТО ЈА СЛИКАЛА ДАНКА ОД ТРИ АГЛИ - Курир дознава дека се прегледани околните тунели и детето го нема

ЗОШТО МАЈКАТА НА ДАНКА ИЛИЌ Е ВАЖЕН ДЕЛ ОД ИСТРАГАТА - детали од животот на семејството чија судбина ја потресува Србија

ЗОШТО МАЈКАТА НА ДАНКА ИЛИЌ Е ВАЖЕН ДЕЛ ОД ИСТРАГАТА - детали од животот на семејството чија судбина ја потресува Србија

ЌЕ ОДГОВАРААТ: Уапсените во Босна се шегувале дека знаат каде е Данка Илиќ

ЌЕ ОДГОВАРААТ: Уапсените во Босна се шегувале дека знаат каде е Данка Илиќ

ДЕТАЛИ ЗА АПСЕЊАТА ВО БОСНА: Лицата тврделе дека ја чуваат Данка во подрум и барале откуп?

ДЕТАЛИ ЗА АПСЕЊАТА ВО БОСНА: Лицата тврделе дека ја чуваат Данка во подрум и барале откуп?

НА ТИК ТОК ТВРДЕЛЕ ДЕКА СЕ ПОВРЗАНИ СО ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Босанската полиција уапси три лица

НА ТИК ТОК ТВРДЕЛЕ ДЕКА СЕ ПОВРЗАНИ СО ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Босанската полиција уапси три лица

ДЕВОЈЧЕТО ГО НЕМА: Зошто мајката на Данка не може да оди на полиграф?

ДЕВОЈЧЕТО ГО НЕМА: Зошто мајката на Данка не може да оди на полиграф?