16 Април, 2024
0.0245

Расте побарувачката за потрошувачки и станбени кредити

Објавено во: Финансии 21 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Живот на кредит. Вака би се опишал македонскиот граѓани на кој подигнувањето на потрошувачки или станбен кредит му стана секојдневние.

Податоците на Народната банка покажуваат раст на побарувачката на потрошувачките и станбените кредити од  0,9% и 0,8% во септември, додека годишниот раст изнесува 14,8% и 13,8%, соодветно. 

Пад е регистриран кај автомобилските кредити, каде кредитната активност паднала како на месечна основа (за 2,6%), така и на годишна основа (за 27,2%).

Кредитите одобрени на кредитни картички бележат минимален месечен и годишен пораст, додека негативните салда на тековните сметки бележат месечен пад од 0,8%, наспроти годишниот раст од 3,5%. 

Кредитите одобрени по други основи бележат месечно зголемување од 1,1%, додека на годишна основа се зголемени за 10,4%. 

Вкупните кредити во септември се зголемени за 0,5% на месечна основа, додека на годишна основа стапката на раст изнесува 2,5%, при поголем придонес на кредитирањето на домаќинствата. Треба да се има предвид дека годишните промени на кредитите ги одразуваат и ефектите од Одлуката на Народната банка во однос на нефункционалните пласмани, покажуваат уште податоците на Централната банка.

За разлика од нив кај вкупните кредити на корпоративниот сектор е евидентирано месечно зголемување од 0,3%, додека на годишна основа кредитниот раст четврти месец по ред е во негативната зона (-1,2% во септември 2016 година). 

Доколку, пак, се исклучи ефектот од преносот на сомнителните и спорни побарувања од билансна во вонбилансна евиденција согласно со Одлуката на Народната банка, кредитниот раст на корпоративниот сектор би изнесувал 5,3%.

Можеби ќе ве интересира

И „МАРТИНС“ ВО ПРОБЛЕМИ: Акциите на познатиот производител на обувки достигнаа историски минимум

И „МАРТИНС“ ВО ПРОБЛЕМИ: Акциите на познатиот производител на обувки достигнаа историски минимум

ХРВАТИТЕ СЕ ПЛАШАТ ДЕКА НИВНАТА СЕЗОНА ЌЕ ПУКНЕ: Туристите веќе почнаа да ги избегнуваат во широк круг, еве зошто се толку огорчени!

ХРВАТИТЕ СЕ ПЛАШАТ ДЕКА НИВНАТА СЕЗОНА ЌЕ ПУКНЕ: Туристите веќе почнаа да ги избегнуваат во широк круг, еве зошто се толку огорчени!

ПАЃААТ И ЕВРОПСКИТЕ И АМЕРИКАНСКИТЕ БЕРЗАНСКИ ИНДЕКСИ: Цената на нафтата над 90 долари за барел, цената на златото падна

ПАЃААТ И ЕВРОПСКИТЕ И АМЕРИКАНСКИТЕ БЕРЗАНСКИ ИНДЕКСИ: Цената на нафтата над 90 долари за барел, цената на златото падна

КОГА НА ДРЖАВАТА Ѝ ТРЕБААТ ПАРИ, ДОМАШНИТЕ БАНКАРИ ТРИЈАТ РАЦЕ - ново задолжување од 50 милиони евра, еве колкави се каматните стапки

КОГА НА ДРЖАВАТА Ѝ ТРЕБААТ ПАРИ, ДОМАШНИТЕ БАНКАРИ ТРИЈАТ РАЦЕ - ново задолжување од 50 милиони евра, еве колкави се каматните стапки

ПРЕКУ ОТВОРЕН БАЛКАН СЕ БАРААТ СЕЗОНСКИ РАБОТНИЦИ И ЗА АЛБАНИЈА: Сезонава се очекуваат над 10 илјади туристи, а нема кој да работи

ПРЕКУ ОТВОРЕН БАЛКАН СЕ БАРААТ СЕЗОНСКИ РАБОТНИЦИ И ЗА АЛБАНИЈА: Сезонава се очекуваат над 10 илјади туристи, а нема кој да работи

МОЖЕТЕ ДА ЖИВЕЕТЕ ВО ИТАЛИЈА, А ДА РАБОТИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА ИЛИ БИЛО КАДЕ ВО СВЕТОТ: Еве кои услови треба да ги исполните и колку се чека за виза

МОЖЕТЕ ДА ЖИВЕЕТЕ ВО ИТАЛИЈА, А ДА РАБОТИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА ИЛИ БИЛО КАДЕ ВО СВЕТОТ: Еве кои услови треба да ги исполните и колку се чека за виза

ЕВЕ КОЛКУ ПАРИ ДАЛА „ЕР СРБИЈА“ ЗА ОТКАЖАНИ ЛЕТОВИ: Сумата е со повеќе нули

ЕВЕ КОЛКУ ПАРИ ДАЛА „ЕР СРБИЈА“ ЗА ОТКАЖАНИ ЛЕТОВИ: Сумата е со повеќе нули

ОТВОРЕН БАЛКАН: Ова се петте најбарани позиции во Белград, еве што нудат работодавците и кои услови бараат да ги исполните

ОТВОРЕН БАЛКАН: Ова се петте најбарани позиции во Белград, еве што нудат работодавците и кои услови бараат да ги исполните

НОВ ПАД НА ПОПУЛАРНАТА КРИПТОВАЛУТА: Еве кои влади поседуваат најмногу биткоини, има ли на пазарите оптимизам?

НОВ ПАД НА ПОПУЛАРНАТА КРИПТОВАЛУТА: Еве кои влади поседуваат најмногу биткоини, има ли на пазарите оптимизам?