Добивај вести на Viber
Во 2012 година третиот по големина производител на пиво на светот, холандски Heineken извести ја зголемил добивката и најави продолжување на растот на обемот на продажбата, благодарение на африканските, азиските и американските пазари, кои треба да ја надокнадат слабата Европа.
Компанијата во средата соопшти дека во минатата година нејзината добивка без еднократните ставки изнесувала 1,7 милијарди евра, што значи дека била за 7,1 отсто повеќе во однос на 2011 година. Споредливата нето добивка е зголемена за 1,6 отсто.
Откако во минатата година целосно ја презеде контролата над Asia Pacific Breweries, Heineken сега 64 отсто од продажбата и 59 отсто од добивката ги остварува на пазарите во развој.