25 Април, 2024
0.0267

Растителното производство во земјава се зголемило

Објавено во: Агробизнис 29 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Растителното производство во 2015 година (кое во вкупното производство учествува со 69.4%) бележи раст од 1.7% во однос на 2014 година. Вредноста на добиточното производство (кое во вкупното производство  учествува со 21.5%) порасна за 2.6% во однос на 2014 година.

Според податоците на Државниот завод за статистика, бруто-додадената вредност во земјоделството во 2015 година изнесува 51860 милиони денари и во однос на 2014 година бележи номинален раст од 2.5%. Раст е забележан и кај земјоделската "деловна гранка" од 1.8% во однос на 2014 година.

Меѓуфазната потрошувачка, во 2015 година, бележи пораст од 0.8% во однос на 2014 година.

Номиналниот и реалниот доход во земјоделството од производните фактори, по работна единица, во 2015  година бележат пад и тоа: 2.6% кај номиналниот и 3.3% кај реалниот доход од производните фактори.

Можеби ќе ве интересира

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари