РАЗДОЛЖУВАЊЕ В СРЕДА: Ќе им ли ново задолжување утре?
Објавено во: Економија 18 Септември, 2017
Oколу 61 милион евра планира да се задолжи Владата утре на аукцијата на државни хартии од вредност.
На домашните кредитори ќе им бидат понудени 12 месечни државни записи со девизна клаузула во вредност од 33 милиони евра, со евро клаузула од 9.740.000 евра, како и 15-годишни државни обврзници во вредност од 18 милиони евра.
Хартиите од вредност ќе се нудат со камати од 1.75% до 3.80%. Во среда државата треба да врати скоро 58 милиони евра, сума помала од онаа за која ќе се задолжи.
Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека државата се задолжува, а економијата назадува, додека од власта велат дека долговите не се големи.