29 Март, 2024
0.0231

РАЗЛИЧНИ ЦЕНИ ВО РАЗЛИЧНИ ЗЕМЈИ: Колку ќе чини задоволството во рака да се држи новиот iPhone X?

Објавено во: Финансии 13 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Очекуваниот јубилеен iPhone X дебитираше официјално вчера на специјален настан во салата "Стив Џобс" во новото седиште на компанијата од Купертино Apple Park. Откако љубопитност околу функциите на уредот беше задоволена, сега главниот прашалник е колку ќе чини задоволството човек да држи во рацете сопствен модел од најновиот смартфон на Apple.

Во САД, на пример, тој ќе се продава по цени со почеток од 999 долари. Меѓутоа, ако живеете на друго место, најверојатно ќе треба да платите повеќе.

Ценовата политика на гигантот по држави се определува од даноците и динамиката на домашната валута во однос на американскиот долар - параметри кои водат до разлика во цената на уредите во светот.

Во земји како Канада и Јапонија, iPhone X ќе чини околу 100 долари повеќе отколку во САД, пишува CNN Money, додавајќи дека во Италија и Ирска, пак износот отскокнување со 400 долари.

Повисоките цени сепак едвај ќе ги одвратат оние кои сакаат да си го купат новиот iPhone, како според аналитичарот Џин Менстар тоа обично не се одразува на трансакциите. Експертот е сигурен дека овој тренд ќе се потврди и овој пат со футуристички iPhone X, кој може да се карактеризира како "различен од сите други".

Френк Гилет, аналитичар во Forrester Research, наведува дека е тешко да се прави споредба помеѓу цените во одделните држави, не само поради разликата во валутата и даноците, туку и бидејќи конкретната цена на уредот зависи и од доходот на просечниот жител.

Подолу може да видите колку ќе чини новиот iPhone X во 15 различни земји, а податоците се на база информации на сајтот на компанијата. 

Цените се претворени во американски долари користејќи го калкулаторот на Google:

Австралија: 1.266 долари

Канада: 1,082 долари

Кина: 1.285 долари

Франција: 1.387 долари

Германија: 1.375 долари

Хонг Конг: 1.099 долари

Индија: 1.391 долари

Ирска: 1.410 долари

Италија: 1.423 долари

Јапонија: 1,024 долари

Мексико: 1,325 долари

Нов Зеланд: 1.311 долари

Русија: 1.387 долари

Сингапур: 1.224 долари

Обединето Кралство: 1.327 долари

Можеби ќе ве интересира

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка