28 Март, 2024
0.0274

Различните цигли во образовниот ѕид

Објавено во: Македонија 20 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

За Јунг, обидот да се наметнува тривијалност е облик на дикатура, за Скот Пек, меѓу успешните и послушни поединци, се кријат многу психотични и зли луѓе, британскиот педагог во Самерхил, докажа дека децата имаат право да ги изразат своите интереси и да бидат слободни да ги соблечат чевлите на час, а повторно да пораснат во прекрасни и реализирани луѓе. Овие автори, беа многу и оспорувани како професионалци што постојано ја истражувале човековата психологија и нејзината поставеност во рамките на општественото битисување. Но, тоа се големи авторитети наспроти овие што сакаат да се наметнат со десетина положени испити и полни со себе што некако се вработени по нашиве училишта.

Ни стигна и извештајот за работата на Министерството за образование, преполн со недоследности и измами. Веројатно како што би се очекувало, по ревизијата на речиси секоја владина инстанца во државата, и тоа не е ништо ново. Но, тоа што во овие редови се наметнува, ресорот образование е како да се проговори за некадарниот и оштетен образовен систем почнувајќи од зародишот на воспитно-образовниот систем, и да резимираме дали рибата смрди од главата. А смрди и тоа како. Убива, и ги гуши најмалите, оние кои зачекоруваат во системот, таму треба да се препознаат, да се воспитуваат и образуваат. Училиштата, наполенити со кадри што не е никаква тајна стигнуваат таму, по селекција на нивната партиска поклонетост, верни на оние преку кои успеале да се  вработат без трошка сосвест, се разбира, кога во океанот на невработеност ќе се стигне до месечна плата. Уште повеќе, без оваа истата совест настапуваат  пред малите и неизвалкани глави. И единствениот мотив е да ја спроведат пропишаната методологија ( оние експерименти со кембриџ програма, бла, бла, бла) и притоа да верглаат за важноста на дисциплината. Ако истите овие, наидуваата на отпор пред извесни поинакви и недоволно унифирмирани малечки личности, единствено и само гледаат како да се отарасат. Во прилог им оди многубројноста, за жал секогаш доминантна во секој колектив, каде што индивидуланоста е маана, да не речам болест. Значи, секоја поинаквост, различност предизвикува страв, а стравот нужно одбрана. Да бидам попластична, доколку деца на 7 годишна возраст, не успеваат да ги восприемат нивните авторитети, само по принципот дека тоа се возрасни луѓе, или пак уште попластично им изговорат погрдни зборови или пак ги цртаат на карикатурален начин, се закачаат со другарчињата, за да се одбранат и канализираат во системот ( да се разбереме што е сосема неприродна средина), тие веднаш треба да се отстранат. Никому од овие просветни работници, вработени на гореспоменатиот начин, на крај памет не им паѓа, да се информираат и да читаат литература за еволуцијата на човековиот ум, за раст и развој на деца во веков во кој живееме, а што е најаважно од се,  за различитостите што треба да се интегрираат, но никако по цена на „пеглање„  туку прифаќање.

Преплашени, пред секоја поинаквост, креативност, слобода и непослушност, подготвени се на се, само да спроведат една и единствена мерка, која веројатно ги направала и овие личности такви какви што се, а тоа е влевање страв. И така во недоглед, стравот, отпор, па оштетувања со кои подоцна повторно ќе се создаваат личности што ќе формираат вакви деформирани општества. Да не одиме предалеку, како овие (не)авторитети да се превоспитаат, пред да станат некој што треба да воспитува?!Состојбата со непослушните и палави индивидуалчиња, и нивното водење во системот, не е порозова ниту во некои поразвиени европски земји. Сепак, да се задржиме во нашиов радиус.

Во една мала анкета, статистички, 80 отсто од родителите се согласни дека, различните треба да бидат елиминирани, во интерес на спокојот и релизација на наставната програма. И за нив е фрапантна, разликата и инаквите манифестации на тоа како едно штотуку формирано битие од шест или седум години се справува со влегувањето во институција каде што ќе треба да се одмерува да учи и да се развие во поединец што ќе го најде своето место под сонцето. Можеби се согласни, заради тој истиот страв од евентуална слобода и можноста да се размислува со сопствена глава, што бара повеќе напор и енергија во воспитувањето на децата и неизмерно трпение, што пред налетот на блокирано слободно време, секако тешко се издржува. Не знам. И тоа полека за овие редови станува неважно.

За Јунг, обидот да се наметнува тривијалност е облик на дикатура, за Скот Пек, меѓу успешните и послушни поединци, се кријат многу психотични и зли луѓе, британскиот педагог во Самерхил, докажа дека децата имаат право да ги изразат своите интереси и да бидат слободни да ги соблечат чевлите на час, а повторно да пораснат во прекрасни и реализирани луѓе. Овие автори, беа многу и оспорувани како професионалци што постојано ја истражувале човековата психологија и нејзината поставеност во рамките на општественото битисување. Но, тоа се големи авторитети наспроти овие што сакаат да се наметнат со десетина положени испити и полни со себе што некако се вработени по нашиве училишта.

Чест на исклучоците, и сите оние кои професијата педагошки работник, ја разбрале како една од најхуманите, најодговорните, ја работат со љубов, внимание, доследност, горди кога на улица ќе ги поздрави насмевка на нивни ученик, веќе возрасен човек...

Се обидувам да се сетам, и имаше такви во сите многубројни образовни скалила низ кои поминав, но за жал, ги нема многу, како што ретко се раѓаат големи таленти како Моцарт, Едисон, или Киану Ривс, сите оцрнувани за време на нивното формално школување. 

Ана Василевска

Можеби ќе ве интересира

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија