25 Април, 2024
0.0300

Разнишана синдикална доверба

Објавено во: Македонија 25 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Паниката која настана во СОНК  откако Наставничкиот пленум поднесе иницијатива пред Уставниот суд за испитување на уставноста и законитоста на членовите 13 и 14 од Статутот на Синдикатот за образование, наука и култура е очекувана. Тие не се навикнати на прашања за нивните примања и расходи и тоа го сметаат за навреда. Ние пак сме цврсто убедени дека доверба се гради врз транспарентност и почитување на демократските принципи” - вели за Фактор, професорот Влатко Секулоски од Наставничкиот пленум.

Незадоволството од синдикалното работење,  според Пленумот тлее со години. Наставниците  досега неколкупати реагираа на како што велат самоволно донесената одлука за прекин на штрајкот на наставниците пред две години, нетранспарентниот процес на преговори со Министерството, вербалните и писмени закани кон Наставничкиот пленум  и  „чистката“ на гласноговорниците.

Членовите од пленумот  очекуваат  највисоките судии  да испитаат дали раководството на СОНК го сменило статутот самоволно и дали се противуставни двата члена од статутот со кои присилно се задржуваат  членовите и кои според  статутарните измени  треба минимум три години да бидат членови на СОНК.

“Наставниците се бројна заедница, синдикалните средства коишто се собираат од нив се значителни: Во недостаток на свест за транспарентност тоа создава спрега на интереси којашто дејствува против правата на наставниците. За работата на СОНК и неговата сервилност кон одредени политички партии најдобро зборува големиот број на исчленувања, точен податок за тоа нема и Пленумот нема собрано податоци, иако од разговор со колегите знаеме дека тој број е голем. Членовите 13 и 14 коишто се наменети да го спречат осипувањето на членството се сепак најмеродавен показател за работата на СОНК и незадоволството од неа”- вели професорот Секулоски.

Членовите  на Пленумот последниве неколку години  јавно го  кренаа својот глас и застанаа на првата  линија во одбрана на правата и условите во кои работат. За возврат велат добиле притисоци, закани и откази.

“Искушенијата да се влезе во спрега со власта се преголеми за одредени синдикални лидери да им одолеат, а решението е членство што е свесно за спрегите на интереси коишто верувам можат да се нарушат само со транспарентност во донесувањето на одлуки и финансиска транспарентност. Каков социјален дијалог треба да спроведува синдикатот зависи од раководството и од ресорното министерство. Земете балон и притискајте, со доволно притисок тој ќе пукне, така е и кога одредено министерство ќе притиска со еднострани реформи, ситуацијата излегува на улица. Синдикатот треба да има рационален пристап во социјалниот дијалог и треба да процени дали повеќе може да постигне со позитивен или со негативен дијалог”- додава Секулоски.

Во меѓувреме вели училиштата и целиот образовен систем се соочува со силна партизација и притисоци.

“Тоа е проблем што тешко и бавно ќе се решава, не само во училиштата, туку во сите институции. Прво најважно е да се ослободат наставниците и општо јавната администрација од притисоците, а во исто време сите како општество да работиме на градење на свест дека платите доаѓаат од даноците што ги плаќаат граѓаните, а не од „волшебниот џеб“ на „владетелот“- потенцира професорот од Наставничкиот пленум.

Професорите од Пленумот велат дека со години ја водат борбата за градење образовен систем кој ќе е ослободен од лоши модели, докажани во училишната пракса. Отсуството од визија и стратегии, од една страна, и желбата да се биде „некаде помеѓу“  според нив доведе до кулминација на незадоволство на членството, особено  за време на штрајкот и по негово прекинување.

“Ван Хауте еднаш изјави дека синдикатите се најнефункционалниот дел од граѓанското општество во Македонија. Никогаш не биле проактивни, ниту негувале култура на десеминација на работничките права или подигање на свеста за истите. На пример малку се тие синдикати или синдикални лидери што ги повикуваат своите членови на протест за 1мај, еден искучок е (УПОЗ), уште помалку се тие што за 8ми март потсетуваат на борбата за еднаквост, обично денот се сведува на безначајно купување каранфили со синдикалните средства. Во последните години се појавија повеќе уникатни модели на синдикално ораганизирање, тука пред се мислам на Независниот синдикат на културата кој функционира на волонтерска основа без членарина, како и синдикатот на професорскиот пленум кој негува хоризонтална култура”- нагласува  Секулоски.

Отсуството  од активност во време пред донесување на новите законски измени, избрзани одлуки за штрајк без да се утврди  расположението и да се подготви членството за штрајк, според наставниците,  пред две години доведе  до ситуација во која половина училишта во државата штрајкуваа, а другата половина  не знаше дека се штрајкува. Комфорната синдикална  улога велат  мора да биде заменета со проактивна улога.

“Наставничкиот пленум е неформална организација без статут и дефинирани правила и мора да признаам дека тоа некогаш води до судири. Сепак сврзното ткиво на Пленумот се заедничките вредности и свеста дека ние сме интелектуалци и наша социјална одговорност е да дејствуваме. Со време, низ бројните активности што ги презеде пленумот тие вредности создадоа поврзаност меѓу членовите што ги надминува политичките симпатии и етничката припадност. Многумина од нас веруваат дека единствен начин тие вредности да ги пренесеме на хартија е преку статутот на наш пленумски синдикат.Преговорите се веќе почнати, МОН излезе во пресрет на нашето барање и членови на Пленумот, заедно со членови на други, најчесто формални здруженија на наставници ќе учествуваат во работата на новите закони за основно и средно образование, пред се во улога на практичари и најдиректни пременувачи на истите”- вели професорот Секулоски.

Законските решенија кои произлегуваат од знаењата и искуствата на сите чинители на воспитно образовниот процес, според  наставниците единствено можат да бидат полезни  и применливи бидејќи таквите решенија, поставени еднаш, водат кон создавање силен образовен систем кој ќе понуди квалитет во личниот и општествен живот на граѓаните. 

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков  оцени  дека иницијативата на Наставничкиот пленум е обид да се растури и преземе Синдикатот за образование, наука и култура.

С.Б.

Можеби ќе ве интересира

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

НАЈНОВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК: На обработени 90,49 отсто гласови - Давкова 326.310, Пендаровски 162.678

НАЈНОВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК: На обработени 90,49 отсто гласови - Давкова 326.310, Пендаровски 162.678

„СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ СОБРА ПОВЕЌЕ ПОТПИСИ ОД ГЛАСОВИ“: Доктор Беќаровски за изборниот резултат на градоначалникот на Карпош

„СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ СОБРА ПОВЕЌЕ ПОТПИСИ ОД ГЛАСОВИ“: Доктор Беќаровски за изборниот резултат на градоначалникот на Карпош

ГРУБИ БАРА ОСТАВКИ - од Изет Меџити, Арбен Таравари, Билал Касами, Африм Гаши

ГРУБИ БАРА ОСТАВКИ - од Изет Меџити, Арбен Таравари, Билал Касами, Африм Гаши

„БЕВ, СУМ И ОСТАНУВАМ ЛЕВИЧАР!“ Ванковска им честиташе на победниците, но најави дека новиот претседател допрва ќе се соочи со нејзините предвидувања

„БЕВ, СУМ И ОСТАНУВАМ ЛЕВИЧАР!“ Ванковска им честиташе на победниците, но најави дека новиот претседател допрва ќе се соочи со нејзините предвидувања

МИЦКОСКИ: ОВАА ВЛАСТ ПАЃА, ЦРВЕНИОТ КАРТОН СЛЕДУВА НА 8 МАЈ - се слушнав со Таравари и му посакав идна Влада во Македонија

МИЦКОСКИ: ОВАА ВЛАСТ ПАЃА, ЦРВЕНИОТ КАРТОН СЛЕДУВА НА 8 МАЈ - се слушнав со Таравари и му посакав идна Влада во Македонија

„СЕ ГЛЕДАМЕ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ, ЌЕ СЕ БОРИМЕ ДОДЕКА НЕ ПОБЕДИМЕ“: Ковачевски рече дека се надевале на подобри резултати

„СЕ ГЛЕДАМЕ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ, ЌЕ СЕ БОРИМЕ ДОДЕКА НЕ ПОБЕДИМЕ“: Ковачевски рече дека се надевале на подобри резултати

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ не е сигурен во победа во вториот круг

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ не е сигурен во победа во вториот круг