25 Април, 2024
0.0266

Развој или „билдање“ рејтинг: Скроен е новиот буџет

Објавено во: Финансии 20 Септември, 2013

Добивај вести на Viber

Владата го скрои буџетот за следната година, но и ребалансот за тековната. Oд 3,5 на 3,9 отсто се продлабочува буџетскиот дефицит со последниот ребаланс на буџетот кој, според министерот за финансии Зоран Ставревски е потребен бидејќи се пренаменети средства за пензии и за образование , односно 16 милиони евра се префрлени за исплата на пензиите, а за образованието дополнителни 6 милиони евра. „ Средствата во овие ставки не се пренаменети, туку проширен е дефицитот на 3,9 проценти, а финансирањето е од Буџетот. Нема да има кратење на реализацијата на капиталните инвестиции која оди добро и во првите осум месеци е 10 проценти повеќе од минатата година и се очекува до крајот на годината да се оствари предвидената реализација“, рече Ставрески. Новиот буџет ќе биде за 7% повисок од лани, со расходите од 2.86 милијарди евра, а приходи од 2.56 милијарди евра . Буџетот е базиран врз проекции за раст на економијата од 3.2 отсто и инфлација од 3.3%. „ Вкупниот износ на капитални инвестиции е 22,5 милијарди денари и е за 20 проценти повеќе од оваа година. Ако за 20 проценти се зголемат капиталните инвестиции сметам дека тоа е најдобар одговор дали е променета структурата и дали оди во насока на развој. Нема да најдете држава во Европа што во една година ги зголемува капиталните инвестиции за 20 проценти, изјави вицепремиерот и додаде дека е значајно што Владата и во вакви околности на криза во Европа одвојува за 20 проценти повеќе средства за капитални инвестиции кои, пак, ќе овозможат раст на економијата“, појасни Ставрески. Освен буџетот и ребалансот, до Собранието е доставена и завршната сметка за 2012 година, која во Собранието доцни веќе два и пол месеци. Ставрески потенцира дека поголемиот дефицит за ланската година од планираниот бил резултат на намалените приходи во буџетот, а не на раст на трошоците како што тврдеше опозицијата. Во очекување на анализи на повеќе експерти, во интервју за 24 вести, потпретседател на СДСМ Ванчо Узунов забележа дека Владата скрои изборен буџет за купување на рејтинг. „Проекциите за догодина се нереални – приходите неостварливи, се да биде во функција на изборите, на рејтингот на Владата. Да биде сакан премиерот и другите“, вели Узунов.

Можеби ќе ве интересира

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот