РЕАКЦИИ: Дали Дачиќ со пеењето ја посрамоти Србија?
Објавено во: Балкан 14 Октомври, 2017
Во соседна Србија има реакции откако шефот на дипломатијата, Ивица Дачиќ пееше пред турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган.
Му се забележува за песната Осман Ага, но и тоа што пееше на турски јазик.
„Нема што, Вучиќ некогаш ми кажува да пеам заради атмосфера“ - вели тој.
Дачиќ смета дека и тоа има ефект, но заради пеењето го доби епитетот Звезде гранда.
Тој во своја одбрана по критиките вели дека светски познати политичари го пофалиле заради пеењето.
„Ние сме мала земја, немаме големи пари, немаме атомска бомба, но имаме шарм и голема гостопримливост“ - додава Дачиќ.
Министерот вели дека целта не му е само да пее, туку да им се посвети на гостите.
Дачиќ објаснува дека и други се обиделе на исти начин да ги пречекуваат гостите, но не им успева.