28 Март, 2024
0.0422

Реакција на Комерцијална банка: За детална анализа, потребни ќе бидат ревизорските извештаи

Објавено во: Финансии 30 Јануари, 2015

Добивај вести на Viber

Комерцијална банка АД Скопје ги известува своите акционери, депоненти, соработници и други засегнати страни дека согласно Правилата за котација ги објави неревидираните Биланс на успех и Биланс на состојба за периодот 01.01-31.12.2014 година. Во реакцијата на Комерцијална банка по објавениот текст на Фактор се вели следново: „Со оглед дека од страна на одредени медиуми се прават обиди за анализирање на овие документи и врз основа на тоа се изведени одредени паушални заклучоци за стратегијата на Банката, нејзините политики и правци на дејствување, информираме дека овие анализи не се базирани на сите релевантни информации. Согласно законската регулатива, деталните белешки кои се изработуваат токму за прецизно запознавање на јавноста со политиките на Банката, деталните позиции на финансиските извештаи и други значајни информации ќе бидат објавени во рамките на ревизорските извештаи за 2014 година, каде освен овие два биланси ќе се презентираат многи други значајни информации. Ова е вообичаена политика на Банката, при што се објавуваат сите ревизорски белешки, со што се дава увид во деталите за работењето на Банката. Оваа објава се прави во рамките на собраниските материјали најчесто на почетокот на Март и истата ке биде достапна на веб страната на Банката“, пишува во соопштението од банката.

Можеби ќе ве интересира

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка