25 Април, 2024
0.1598

Рединг: Време е Европа да ги решава проблемите на свој сопствен начин

Објавено во: Свет 28 Јули, 2013

Добивај вести на Viber

Времето на тројката меѓународни кредитори е изминато и Европа веќе е подготвена да ги решава проблемите на свој сопствен начин, изјави во интервју за грчкиот весник „Катимерини“, заменик-претседателот на Европската комисија, Вивиен Рединг. - Европските граѓани не и веруваат на тројката, Европската унија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд, и тие се во право. Фундаметалните одлуки, како на пример, дали да бидат отпуштени десетици илјади државни службеници, не треба да бидат донесувани зад затворени врати - изјави Рединг за грчкото издание. Рединг објаснува дека кога Европа беше потресена од кризата, таа мораше да дејствува многу брзо и затоа побарала помош од ММФ поради „искуството и експертизата во справувањето со тешки ситуации, како онаа со која се соочува Грција“. - Ние сме благодарни за придонесот на ММФ кон различните стабилизациони програми во Европа, но веќе не сме во критична состојба. ЕУ веќе ги има неопходните инструменти за да се справи со сопствените проблеми. Затоа велам: времето на тројката измина - рече таа. Таа посочи дека промената на овој формат нема да се случи во следните неколку недели или месеци и додаде дека идната година ќе се одржи дебата за иднината на Европа, кога ќе треба да биде направен избор кога да се заврши со тројката и „да се воведе демократско, европско решение“.  

Можеби ќе ве интересира

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

КОЈ НАРОД Е НАЈМАЛКУ ЗАДОВОЛЕН ОД ЖИВОТОТ ВО ЕУ? Ќе се изненадите каде се Германците

КОЈ НАРОД Е НАЈМАЛКУ ЗАДОВОЛЕН ОД ЖИВОТОТ ВО ЕУ? Ќе се изненадите каде се Германците

БАЈДЕН ПОТПИША ПОТЕНЦИЈАЛНА ЗАБРАНА ЗА ТИКТОК - еве што ќе се случува понатаму

БАЈДЕН ПОТПИША ПОТЕНЦИЈАЛНА ЗАБРАНА ЗА ТИКТОК - еве што ќе се случува понатаму