РЕФЕРЕНДУМ ВО РЕПУБЛИКА СРПСКА: До 11 часот гласале 17.68% од гласачите
Објавено во: Балкан 25 Септември, 2016
Во Република Српска се одржува референдум на кој 1.219.399 граѓани одговараат на прашањето „Дали поддржувате 9 јануари да се одбележува и слави како Ден на Република Српска?“.
До 11 часот гласале 17.68% од гласачите.
Околу 1.900 гласачки места се отворени утрово во 7 часот, а ќе бидат затворени во 19 часот.
Комисијата за одржување на референдумот на секои два часа дава информации за излезноста, а првите резултати ќе бидат познати во текот на ноќта.
Законот за референдуми дефинира дека тој е важечки доколку на него гласаат повеќе од 50% од граѓаните впишани во гласачкиот список. Претседателот на Претседателството на БиХ, Бакир Изетбеговиќ во разговор за Дневни аваз кажа дека денешниот референдум во ентитетот Република Српска е „ескалација на самоволието на претседателот на РС Милорад Додик“. Бошњачките функционери во телата на власта во РС и БиХ ги повикаа Бошњаците да не наседнуваат на провокации и да не ги напуштаат своите домови.