25 Април, 2024
0.0289

Реформи сега!

Објавено во: Македонија 19 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Деновиве мојот профил доживеа експлозија на коментари, муабети, позитивна, негативна енергија. Сето тоа ме израдува затоа што за момент заличи на најубавите моменти на ВМРО-ДПМНЕ, кога во комитетите се водеа жестоки дискусии за сите прашања. Секој кажуваше што му лежи, гласно критикуваше, без задршки коментираше и даваше конструктивни идеи. Во сета таа мешаница, некако ми недостасуваа негативните или конструктивни критики. Не дека ги немаше. Ги имаше и тоа многу, но во основа се сведуваа на лични навреди, без ниту да се допре поентата, а во голем дел доаѓаа и од армијата на лажни профили креирани токму со таа цел. Искрено, никогаш не сум ни помислил дека еден ден јас ќе бидам метата на такви оцрнувања, а особено не затоа што гласно сум побарал реформи во партијата во која припаѓам и тоа на најдемократски и транспарентен можен начин. Знам дека позади сите тие лажни профили стојат мои браќа и сестри, кои знаат дека се повеќе од добредојдени да ми се обратат лично и од свое име, во секое време. Сигурен сум дека сè што пишуваат преку социјалните мрежи нема да им биде лесно да ми го кажат в лице, затоа што и тие самите знаат дека е дојдено времето партијата вистински да се реформира и да се врати како победник. Поради тоа, секоја лична навреда и дискредитација, од каде и да дојде, достоинствено ќе ја поднесам и издржам затоа што знам дека не е вистина и знам дека е наменета да нè оттргне и дефокусира од вистинските прашања, прашањата за реформи во ВМРО-ДПМНЕ.

Промените се природна работа од која не треба да се плашиме, особено не кога сме свесни дека времето за истите е созреано. Впрочем и во сите разговори што ги имавме со членството, откако се отвори прашањето за внатрепартиски реформи, сите прашуваа зошто сме чекале до сега, што само по себе значи дека реформите веќе одамна биле потребни. Моментот на предавањето на власта на политичкиот противник без сериозни внатрепартиски консултации и дебати, е само потврда дека системот кој сме го граделе, се сврте против нас, членовите. Тешката и макотрпна работа на терен за да се добие победа на последните избори, беше предадена на маса. Со ваквите постапки, сериозно се нарушија основните принципи: принципот на отчетност, принципот на инклузивност и принципот на транспарентност. Кога ќе се поништат овие основни принципи и вредности, јасно е дека мора да се направи сериозно внатрешно реформирање со цел зацврстување на овие темели на кои се градеше партијата. Потврда за сето ова е и молчењето на Централниот комитет во врска со доставената Декларација за демократизација и модернизација на ВМРО ДПМНЕ. Дебатата по овие прашања мора да се води внатре, поради тоа повторно ги повикуваме телата на партијата, особено највисокиот орган помеѓу два конгреса, Централниот комитет, да отвори дебата на која ќе се отворат сите прашања кои ги инициравме. Веруваме дека доколку се отвори дебата, ќе излезат уште многу други прашања и од другите тела на партијата, особено општинските комитети. Декларацијата не е ултимативно барање, туку здрава основа за дискусија, во која се детектирани слабите точки и дадени се конкретни предлози за надминување на истите.

Најпрво, мора да се ревидираат и редефинираат надлежностите и начинот на избор на постоечките органи на партијата. Претходните измени на Статутот на партијата, како највисок акт, доведоа до централизација и концентрација на надлежностите на централно ниво. Со тоа се воведе принцип на одлучување од врвот надолу, а не обратно, како што треба да функционира секоја демократска партија и како што функционирање ВМРО-ДПМНЕ низ годините.

Во таа насока, мора да се врати и вистинската улога на Централниот комитет на партијата како претставнички орган на поширокото членство, како орган кој го застапува гласот на членството. Како таков орган, потребно е и деловничко уредување на неговото функционирање со цел обезбедување што поширок простор за дебата и слободно разменување на мислења и ставови.

Како сериозна реформа во насока на демократизација и децентрализација на одлучувањето треба да биде и пренесување на актуелните надлежности на извршниот комитет како надлежности на Централниот комитет, како и ограничување на бројот на членови на Извршниот Комитет. Можеби најбитна реформа која се предлага во оваа насока е Извршниот Комитет повеќе да нема можност директно или индиректно да предлага или потврдува членови на Централниот Комитет на партијата, ниту ќе има можност да влијае врз изборот на преседатели на општинските комитети или општински собранија, или други партиски функционери во униите, советите или другите тела на партијата. Конечно, реформи мора да има и во надлежностите на функцијата Претседател  на Партијата, односно нивно ограничување, како и ограничување на бројот на мандати.

Реформите се неминовни и длабоко потребни, поради тоа да не чекаме ниту миг повеќе. Да отвориме дебата од која, веруваме дека партијата ќе излезе само посилна и поподготвена за нови победи. Да не забораваме дека ВМРО-ДПМНЕ е стожер на демократијата во Република Македонија и најцврст чувар на нацијата и националното. Да ја вратиме внатрешната сила и убавина на партијата. ВМРО-ДПМНЕ ќе биде најбогата партија во Европа, но не поради бели дворци, туку поради изобилство од длабока и искрена енергија за напредок. Отворете дебата во партијата. Направете да се сменат работите на подобро.

 Реформи сега!

Александар Стојчевски, еден од иницијаторите за реформи во ВМРО-ДПМНЕ

Можеби ќе ве интересира

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

НАЈНОВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК: На обработени 90,49 отсто гласови - Давкова 326.310, Пендаровски 162.678

НАЈНОВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК: На обработени 90,49 отсто гласови - Давкова 326.310, Пендаровски 162.678

„СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ СОБРА ПОВЕЌЕ ПОТПИСИ ОД ГЛАСОВИ“: Доктор Беќаровски за изборниот резултат на градоначалникот на Карпош

„СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ СОБРА ПОВЕЌЕ ПОТПИСИ ОД ГЛАСОВИ“: Доктор Беќаровски за изборниот резултат на градоначалникот на Карпош

ГРУБИ БАРА ОСТАВКИ - од Изет Меџити, Арбен Таравари, Билал Касами, Африм Гаши

ГРУБИ БАРА ОСТАВКИ - од Изет Меџити, Арбен Таравари, Билал Касами, Африм Гаши

„БЕВ, СУМ И ОСТАНУВАМ ЛЕВИЧАР!“ Ванковска им честиташе на победниците, но најави дека новиот претседател допрва ќе се соочи со нејзините предвидувања

„БЕВ, СУМ И ОСТАНУВАМ ЛЕВИЧАР!“ Ванковска им честиташе на победниците, но најави дека новиот претседател допрва ќе се соочи со нејзините предвидувања

МИЦКОСКИ: ОВАА ВЛАСТ ПАЃА, ЦРВЕНИОТ КАРТОН СЛЕДУВА НА 8 МАЈ - се слушнав со Таравари и му посакав идна Влада во Македонија

МИЦКОСКИ: ОВАА ВЛАСТ ПАЃА, ЦРВЕНИОТ КАРТОН СЛЕДУВА НА 8 МАЈ - се слушнав со Таравари и му посакав идна Влада во Македонија

„СЕ ГЛЕДАМЕ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ, ЌЕ СЕ БОРИМЕ ДОДЕКА НЕ ПОБЕДИМЕ“: Ковачевски рече дека се надевале на подобри резултати

„СЕ ГЛЕДАМЕ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ, ЌЕ СЕ БОРИМЕ ДОДЕКА НЕ ПОБЕДИМЕ“: Ковачевски рече дека се надевале на подобри резултати

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ не е сигурен во победа во вториот круг

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ не е сигурен во победа во вториот круг