25 Април, 2024
0.0279

Реформи во Индија, привлекува странски инвеститори

Објавено во: Економија 23 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Индискиот главен индекс забележа пораст од 22% од почетокот на годината и е најдобар меѓу пазарите во развој. Сепак треба да се внимава, препорачуваат аналитичарите. Доброто претставување на индискиот индекс во текот на оваа година се смета дека е резултат на повлекувањето индиски средства од странските партнери и тоа во нето вредност од 18 милијарди долари. И додека голем број фондови и аналитичари препорачуваат и спроведуваат штедење, светски познатиот инвеститор, Марк Мобиус ги зголемува своите средства во Индија, поздравувајќи ги напорите на Премиерот на земјата да ја направи индиската економија отворена кон светот. „Индија минува низ процес на реформи, која обезбедува голем број можности", коментира Мобиус, цитиран од Блумберг.  Водечкиот индекс во земјата е со однос цена-добивка од 16 и е највисок меѓу земјите кои влегуваат во „BRIC“-групата, по Бразил. Актуелниот премиер на земјата ги намали корпоративните даноци и најави планови за отворање на трговскиотот и воздухопловниот сектор кон странските инвеститори. Инфлацијата во Индија се забрза до 7.81% во септември, што е највисоко ниво меѓу земјите од „BRIC“ и над проценката на централната банка од 5%. Буџетскиот дефицит на земјата може да достигне 6% од БДП до март 2013 година, што повторно е над владината цел од 5.1%. Аналитичарите ги намалија прогнозите за профитот на индиските компании со 1.4% од јуни годинава.  

Можеби ќе ве интересира

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст