28 Март, 2024
0.0456

Реформска влада веднаш или вовед во хаосот

Објавено во: Македонија, Колумни 24 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Реформска влада веднаш или вовед во хаосот

На линија на решавање на кризата, последните денови се спомнуваат сценарија за некаква амнестија на осомничените и оптужените од врвовите во власта за криминал. Не знам, но и доколку малку има вистина, грешката мора да се исправи веднаш, а потегот да се сосече во „корен“. Мнозинството граѓани не делегира никому право за амнестирање на криминалците. Народот што гласаше за опозицијата пред се‘ гласаа за праведност, за санкционирање на криминалот, за чесност и честитост. Амнестии од било кој формат се недозволени и толку контрапродуктивни што само после неколку месеци, ќе значат повторно враќање на истите фигури на политичката сцена, но тогаш со исчистени „досиеја“ и испрани пари. 

Ако по доаѓањето на власт, во првата година Заев не воспостави систем кој криминалците ќе ги испорача таму каде што им е местото  и не обезбеди да се врати поголемиот дел од украдените пари во државната каса, тоа значи дека и тој го погрешил концептот, не за преземање на власта, туку за останување на власт. Тогаш, слободно може да очекува дека истиот оној народ што го гласаше, и ќе го отповика. Но, мислам дека и Заев е свесен за должноста и обрската која ја има преземено. Впрочем , не случајно тврдам дека тој ја има историската роља во домократските процеси на Македонија од осамостојувањето до сега. Пораката која треба да се испрати до народот е дека со новата власт  започнува процесот на делегитимирање на криминалот. Криминалците повеќе не смеат да бидат на цена, било да се политичари или бизнисмени.

 Ако новата власт не го санкционира во корен криминалот, ќе се отвори простор за сомнеж, дали новите политичари нема да тргнат по криминално трасираниот пат на постарите и поискусни колеги. Уверен сум дека новата власт нема да си го дозволи луксузот да го продолжи концептот на досега веќе видените промени на политичката сцена, кога имавме „симни се Мурто да се качи Курто“. Преголем е влогот да си играте со народ кој гласал и кој има искрени очекувања од вас. А очекувањата не се мали, треба да биде исправена една децениска неправда, неправда олицетворена во  уништени демократски процеси, уништени бизниси, уништени човечки судбини, незадоволени правди. 

Само доколку доследно истрае во веќе започнатиот процес, Заев ќе ја дофати целта за која се бори во изминатите три години. А тогаш, ќе може да  почне да ги прокламира и политиките и вредностите кој ги промовираше во економската програма. Без враќање на клучните вредности, нема ни демократија, ни стандард, ни поволна бизнис клима. Сценаријата за братоубиствени војни и крвав расплет на настаните се невозможни од едноставна причина, што прво народот нема да го дозволи тоа сценарио, а и на лидерот му е јасно, дека доколку падне барем и една жртва одговорноста е негова. А тогаш,  единственото прашање ќе биде, каде правдата ќе се  задоволува, дали во домашните или кај меѓународните судови.

Сценариото дека Хорхе ќе ги спаси криминалците исто така  е неодржливо. Веќе нема кому не му е јасно зошто се опструира формирањето на нова влада. А крајно време е инспираторите на „патриотските“ отпори  да сфатат дека со  неправни средства не се обезбедува правда и за тоа се сноси одговорност. Според нормално читање на Уставот чисто самоволие на Претседателот е  недавањето на мандат за формирање на влада на кандидат кој обезбедил мнозинство во Собранието. А идејата дека тоа би го направил и со мобилизација на силите под негова команда е чиста глупост, која доколку заврши со  жртви сигурно ќе го одведе на робија.

Во демократските општества сите оние кои што се незадоволни имаат право на протести. Но, исто така, во демократските општества протестантите немаат право на насилство, немаат право со сила да ги поништат регуларните резултати од изборите. Можат да изразат и желба за нови избори, како што го направија тоа, меѓутоа, барањето  е во контрадикција со отпорот да се спречи да се избере претстедател на Собранието, бидејќи, без тоа нема кој да ги распише изборите. Очигледно е дека играат туѓа игра, за туѓи интереси.  Меѓутоа, веќе се гледа дека се‘ повеќе од нив сфаќаат дека  се средство во рацете на лидерот кој има сопствена агенда за чија реализација е подготвен да ги впрегне сите, но, на нивна одговорност. Впрочем од бомбите добро се сеќавате дека тој точно знае дека за неделата што ги планира, одговара тој што „потпишал“, а не тој што  ги нарачал. Во конкретниот случај, прекршувачи на законот се истурените на улица борци, а не тој, кој од страна им „диригира“ како да постапуваат. 

Волјата на мнозинството граѓани ќе се изневери и доколку се пристапи  кон формирање на некаква широка коалиција или нов политички договор. Граѓаните се изјаснија за рефромска влада која ќе ја изведе земјата на патот на евроатланските интеграции, ќе го демократизира општеството и ќе создаде услови за просперитет на сите граѓани на Македонија. А таква коалиција, во сегашните околности, не може да ја обезбеди определбата да се стави крај на неказнивоста во врвовите на власта.

Очигледни се интересите на споменатите сценарија. Меѓутоа, никој нема мандат да преговара за нив, бидејќи граѓаните гласаа за единствено сценарио, за избор на реформска влада. Само таква влада може да ги пресретне неповолните настани кои следат и доколку брзо не се формира, повеќе од сигурно е дека кризата ќе се заострува. На праг е хаос во локалната самоуправа доколку во најскоро време не се доконституира Собранието и брзо не се одржат локални избори за градоначалници и советници, за да можат општините да продолжат нормално да функционираат. Земјоделците најавуваат протести доколку итно не им се исплатат субвенциите, а нема, затоа што нема од каде. Економијата се лизга надолу, а не фати залет ниту со вдвојување на јавниот долг. Со многу аргументи се притиска и за брзо ребалансирање на буџетот за да не се дојде во ситуација да не може да се одговори на обврските спрема странство и кон домашните корисници на буџетски средства. 

Кочницата се отпушта. Ако не го реализираме едниственото исправно сценарио отидовме заедно во пропаст, и демократи и шарени и тврдокорни. Тогаш јалови ќе бидат расправите, кој е во право и кај кого е вистината, затоа што единствен именител ќе ни биде безизлезот, сиромаштијата и бесперспективноста. А тогаш, криминалците нема да  бидат тука, се разбира, доколку се амнестираат, доколку не им се конфискува имотот и не се формира реформска влада во што е можно пократок временски период. 

д-р Крсте Шајноски

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење