Добивај вести на Viber
Претставници на неколку регионални невладини организации кои се занимаваат со енергетика и заштита на животната средина, побараа од црногорскиот министер за економија, Владимир Кавариќ да го одложи усвојувањето на нацрт планот на Регионална стратегија за енергетика, кој ќе се разгледува на седницата на Министерскиот совет на Енергетските заедници во Југоисточна Европа.
Невладините сметаат дека овој документ не треба да биде усвоен поради недостатокот на транспарентност и недостигот на квалитетна јавна дебата, но исто така и поради тоа што бил штетен за земјите од регионот. Тие предупредуваат дека десетина милиони граѓани не добиле можност да дознаат што е всушност предвидено со стратегијата, а тоа ќе го дознаат дури откако, поради планираните проекти, ќе поскапат и даноците и цените.
И четири члена од Европскиот парламент му напишаа писмо на европратеникот за енергетика, Гинтер Отингер, незадоволни поради тоа што стратегијата подготвена од Енергетската заедница била лошо направена.
„Барањата на НВО секторот не се целосно разгледани. Веруваме дека Секретаријатот и Министерскиот совет не ги исполниле целосно своите обврски според Архуската конвенција за учество на јавноста во процесот на донесување одлуки за правните и за еколошките прашања ", се вели во писмото, во кое покрај останатите се потпишани и Едуард Кукан и Јелко Кацин.