25 Април, 2024
0.0376

Регистрирано првото органско ѓубриво во земјата

Објавено во: Агробизнис 04 Ноември, 2012

Добивај вести на Viber

Издадена е првата дозвола за регистрација на производството на органско ѓубриво во Македонија од страна на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство. Течното ѓубриво од калифорниски црви со трговско име „Биофлор“, како што информира Македонската асоцијација за органска храна,  пет години е тестирано на поголеми површини кај сите земјоделски култури. Тестирањата покажаа дека родот е зголемен за 20 до 30 проценти, болестите се намалуваат за 50 проценти, се добиваат покрупни, поубави и повкусни плодови кои порано созреваат и подолго остануваат свежи. Тестирани се и житните култури, градинарските, овоштарници и лозја.

Од Асоцијацијата истакнуваат дека со „Биофлорот“ земјоделците ќе добијат поголем род, двојно поевтино ѓубриво, а за заштитните средства ќе потрошат значително помалку парични средства. Производството ќе им биде поевтино и ќе можат да настапат и на странскиот пазар со квалитетни и поевтини земјоделски производи.

Ѓубривото, бидејќи е во течна состојба лесно се нанесува на нивите, а поребни се 40 литри на хектар. Според пресметките на Асоцијатацијата еден хектар чини 6.000 денари, што е двојно помалку во однос на вештачките ѓубриња.

Од Асоцијацијата истакнуваат дека иако во Македонија подолг период се зборува за органско производство немаме производство на органски ѓубрива и затоа посочуваат дека нивна цел е да го прошират производството на Глисталот – (ѓубре од калифорниски црви во цврста состојба) со кое би се отвориле нови околу 2.000  работни места, но за што е потребна помош од државата.

Ѓубривото од калифорниски црви е едно од најквалитетните ѓубрива на земјината топка. Со „Биофлорот“ и глисталот за многу кус период би се вратиле плодноста на почвите, кои се деградирани и неплодни поради употребата на хемиско ѓубриво долги години.  Тоа, како што посочуваат, е предуслов да се почне со масовно органско производство.

Можеби ќе ве интересира

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади