Регулаторна направи корекција - кои се новите цени на горивата?
Мало намалување има на цената на бензините.
Објавено во: Економија 19 Септември, 2016
Малопродажните цени на „еуросупер БС-95“ и на „еуродизел“ ќе останат на исти.
Вака одлучи денеска Регулаторна комисија за енергетика.
„Еуросупер БС-95“ ќе продолжи да се продава по цена од 62 денари за еден литар, а малопродажната цена на „еуродизел“ изнесува 48 денари за литар.
Малопродажната цена на „еуросупер БС-98“ се намалува за 0,5 денари за еден литар и од вечерва тој ќе чини 63,5 денари.
Новите цени ќе се применуваат од вечерва на полноќ и ќе важат во следните две седмици.