Добивај вести на Viber
Пониски цени за топлинска енергија од 1. август предлага Регулаторната комисија за енергетика. Оттаму бараат цените за парно греење да се намалат за 2,82% за корисниците на „Балкан енерџи груп“, 2,12% за „Скопје Север“ и за 0,71% за корисници што се греат преку „ЕЛЕМ - Енергетика“.
Новите цени на топлинската енергија, како што информираше претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Димитар Петров, ќе важат до 1. август 2014 година.
-Доколку некоја од овие компании имаат зголемени трошоци над 5 отсто, во меѓувреме ќе можат да поднесат барање за промена на цената - изјави Петров.