23 Јануари, 2018
3.7994

РЕХАУ-партнер на македонската ракометна репрезентација

Објавено во: Мои пари 11 Јануари, 2018

На синоќешниот последен тренинг пред тргнувањето на нашата ракометна репрезентација на ЕП во Хрватска во присуство на целокупната македонска ракометна експедиција, претседателот на РФМ, г-дин Живко Мукаетов го промовираше РЕХАУ Македонија во партнер на македонскиот национален тим. Со овој договор всушност се продолжува и се продлабочува вложувањето во македонскиот ракомет од страна на светски познатиот бренд РЕХАУ. Во рамките на договорот РЕХАУ во следниот период ќе биде партнер на најуспешната македонска селекција на патот кон нови успеси на европското првенство во Хрватска во јануари 2018 и во баражот за пласман на светскиот шампионат во Данска и Норвешка кој ќе се одржи во јануари 2019-та.


„Ниту еден спорт не е така моќен и не ги поврзува луѓето во Македонија како што тоа го прави ракометот. Европското првенство кое за неколку дена ќе стартува во Хрватска со нетрпение го очекува цела Македонија, а РЕХАУ како компанија која долги години успешно функционира во нашата држава се одлучи да ја подржи националната спортска гордост.

Можноста да бидеме на грбот на националниот дрес на капитенот Кирил Лазаров и неговите колеги од националниот тим во борба за уште едно успешно претставување на македонскиот спорт во Европа е исто така можност за успешна промоција на вредностите кои ги негува РЕХАУ како мултинационална компанија“ – Сашко Даев, генерален менаџер на РЕХАУ.

Филип Милошевски, генералниот секретар на РФМ се радува на поддршката од еден гигант како РЕХАУ: „Горди сме што една водечка светска компанија како РЕХАУ има искрена страст за ракометот. Посебно ни е драго што ќе бидат наши подржувачи пред еден предизвик како што е Европско првенство кое за неколку дена ќе стартува во Хрватска. Заедно можеме да направиме многу повеќе“.


РЕАХУ како општествено одговорна компанија и подржувач на ракометот веќе четири години е главен партнер на големиот проект на најдобриот македонски спортист, Кирил Лазаров, интернационалниот ракометен камп, каде претходните три години продефилираа над 700 деца на возраст од 7-18 години од Македонија, Словенија, Хрватска, Данска, Романија, Франија, Шведска итн. Од неодамна РЕХАУ е партнер на школата за ракомет “Кирил Лазаров 7“ која од септември 2017-та функционира на територијата на цела Македонија со 11 школи и над 500 момчиња и девојчиња.

Можеби ќе ве интересира

Доделена главната награда од наградната игра „Happy Monday“ за корисниците на Mastercard платежните картички

Доделена главната награда од наградната игра „Happy Monday“ за корисниците на Mastercard платежните картички

Во манијата со крипто-валути, сите заборавија на овој гигант кој соборува рекорди

Во манијата со крипто-валути, сите заборавија на овој гигант кој соборува рекорди

(ВИДEO) „Фчерашни новости“: Ќе си ја заврши ли конечно Нимиц работата?

(ВИДEO) „Фчерашни новости“: Ќе си ја заврши ли конечно Нимиц работата?

Last Minute Sale со попусти до 70%

Last Minute Sale со попусти до 70%

„Фчерашни новости“: Разговор со италијанскиот сопственик на депонијата Дрисла

„Фчерашни новости“: Разговор со италијанскиот сопственик на депонијата Дрисла

НЕ ПРОПУШТАЈТЕ: Убавицата и раперот гости во „Еден на Еден“ (ВИДЕО)

НЕ ПРОПУШТАЈТЕ: Убавицата и раперот гости во „Еден на Еден“ (ВИДЕО)

Искористете го продолжениот викенд, дојдете во Скопје сити мол на шопинг, ве очекуваат попусти и до 70 отсто

Искористете го продолжениот викенд, дојдете во Скопје сити мол на шопинг, ве очекуваат попусти и до 70 отсто

Бистро Скопје стана вистински скопски хит!

Бистро Скопје стана вистински скопски хит!

УСАИД поддржа формирање на кластери со цел создавање посилни и поконкурентни компании на светскиот пазар

УСАИД поддржа формирање на кластери со цел создавање посилни и поконкурентни компании на светскиот пазар