29 Март, 2024
0.0386

РЕК Битола: Тендер во следните три месеци за избор на фирма која ќе го врши ископот на јаглен

Објавено во: Мои пари 20 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Со оглед на претходно пројавениот интерес, РЕК Битола ја информира јавноста дека по откажувањето на правното лице „Трансмет” од договорот за ископ на јаглен во РЕК Битола на 02.02.2018г, РЕК Битола пристапи кон распишување нов тендер за избор на фирма за ископ и транспорт на јаглен и јаловина.

За да се покрие периодот од три месеци до избор на нова фирма кој ќе се изврши преку јавна е-аукција,  склучен е привремен договор за ископ согласно Законот за јавните набавки кој предува услови од крајна итност , за да може да продолжи производството на електрична енергија во РЕК Битола.

„Истиот ден кога „ТРАНСМЕТ го извести АД ЕЛЕМ дека се повлекува од договорот, во РЕК Битола беа повикани да дадат свои понуди фирмите: ,,Рудкоп”-Битола, ,,Пелистер”-Битола, ,,Машинокоп”-Кавадарци, ,,Илинден”-Струга и ,,Топлина”-Охрид. Првичната цена која РЕК Битола ја доби изнесуваше 100 денари за гигаџул(ден/ GJ), додека последната понудена цена, на која и беше склучен договорот со фирмата ,,Пелистер” изнесуваше 87,80 ден/ GJ.

Овој договор ќе важи во следните три месеци, до кога се очекува преку тендер и со јавно електронско наддавање да биде избрана фирма која ќе го врши ископот на јаглен во РЕК Битола.

Во меѓувреме сакаме да информираме дека во завршна фаза е тендерската документација за купување сопствена механизација за ископ на јаглен, со што АД ЕЛЕМ ќе го елиминира или ќе го сведе на минимум ангажирањето на надворешни фирми во оваа државна компанија, односно намерата на раководството е АД ЕЛЕМ и нејзините подружници при производството на електрична енергија да се потпираат на свои ресурси, наместо за тоа да се исплатуваат приватни фирми.

Согласно направената физибилити студија од страна на Секторот за развој и инвестици во РЕК Битола, за целосна набавка на сопствена опрема ќе бидат потребни 64 ипол милиони ера. Во прва фаза, сумата за набавка ќе биде 24 милиони евра и тендерот се очекува да биде распишан до крајот на февруари.

Како што јавноста веќе е запозната, тендерот за купување механизација кој претходното раководство на АД ЕЛЕМ го распиша пред неговото разрешување, беше запрен по насока на новата Влада на Р.Македонија, поради потреба од повторна проценка на потребите кои беа наведени во документацијата за тоа што е планирано да се купи и во која количина, како и условите според кои понудувачите можат да учествуваат на тендерот. Целта на новата проценка, меѓу другото е и да се даде можност да учествуваат што повеќе фирми и да има поголема конкуренција на тендерот, односно да се елиминираат можностите за фаворизирање одредени понудувачи“, соопштија од РЕК Битола.

Можеби ќе ве интересира

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија