Река од гориво се излеа во близина на Њујорк
Објавено во: Економија 01 Ноември, 2012
Излевањето на околу 1.136 милиони литри гориво е предизвикано од протекување на еден од резервоарите на рафинерија во сојузната држава Њу Џерси во близина на Њујорк. Сопственик на резервоарите е компанијата „Мотива“, контролирана од нафтениот гигант „Шел“.
Активностите за чистење на регионот се организирани од американската крајбрежна стража. Стотици луѓе поставуваат пловечка ограда околу местото на несреќата.