25 Април, 2024
0.0298

Рекламите ги напуштаат весниците - светски изданија намалуваат персонал

Објавено во: Свет 21 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Огласувачите ги намалуваат трошоците за рекламирање во печатените изданија, а оваа година овој индикатор може да се намали за 8,7% - до 52,6 милијарди долари.

Тоа е најголемиот процент на намалување на печатената реклама од кризата 2008 -2009 година наваму, пишува „Wall Street Journal“, повикувајќи се на прогнозите на „GroupM“, најголемата медиумска инвестициска група во светот. 

Изданието потсетува дека рекордното намалување на трошоците за реклама во печатените медиуми беше во 2009 година - пад од 13,7% проценти. Притоа воопшто рекламниот пазар во оваа година се очекува да се зголеми за 4% - до 529,1 милијарди долари, откако рекламирањето на Интернет ќе се зголеми за 14%, прогнозираат од „GroupM“.

Во овие услови печатените изданија се принудени да ги стегаат трошоците. На пример издавачот на „The New York Times“ и „Wall Street Journal“ - компанија „News Corp“, најверојатно ќе продолжата да скратуваат од персоналот. Британските „The

Guardian“ и „Daily Mail“ неодамна исто го намалија бројот на вработените во редакциите, пишува WSJ. Од самото издание веќе најавија оваа недела за плановите за реорганизација на бизнисот преку скратување на трошоците и забрзување процесот на „дигатална трансформација“ на познатиот деловен весник.

Издавачот на „Daily Mail“ - компанијата „Daily Mail & General Trust“ во септември соопшти за намалување на над 400 соработници, заради падот на приходите од реклами. „Guardian Media Group“ - издавач на „The Guardian“ и „The Observer“ го намали персоналот за околу 250 лица во оваа година.

Огласувачите од сферата на трговијата, финансиските услуги и телекомуникациите во последно време се поактивно користат реклами на интернет преку видеа, скратувајќи на трошоците за маркетинг во печатените изданија.

- Оваа година падот на приходите од реклами во печатените изданија се забрза. Во голема мера ова е поврзано со преминувањето кон дигаталниот и мобилниот простор, а исто така и со зголемената популарност на големите платформи како Facebook и Google, забележува директорот на британското деловнo издание „Financial Times“ Џон Ридинг.

На пример публиката на Facebook брои над 1,7 милијарди корисници. Затоа компанијата брзо зазема позиција на пазарот на мобилно рекламирање, особено благодарение на високата побарувачка на рекламирање преку видеа,


Можеби ќе ве интересира

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек