РЕКОРД: Имаат 67 бизнисмени на 1000 жители
Објавено во: Балкан 10 Март, 2017
Хрватскиот град Пула има повеќе бизнисмени од главниот град Загреб.
Во Пула имаат 67 бизнисмени на 1000 жители, односно 2.600 бизнисмени на 13.000 жители.
Вложувањето во бизнис секторот ја прави Пула успешна.
Просечната месечна нето плата е 5.081 куна и е над просекот во Хрватска.
И градот Пула вложува напори за раст и развој на стопанството.
Се нуди помош за нови фирми, вработување и самовработување.
Градот може да се пофали и со 1.8 милиони туристички ноќевања кои се реализирани лани. Пула има најмногу фестивали односно над 1000 настани во текот на годината.