Рекорд: Над шест милиони странски туристи ја посетиле Бугарија
Објавено во: Балкан 30 Септември, 2016
За првите осум месеци од 2016 година, од јануари до август, Бугарија ја посетиле над 6 милиони странски туристи.
Тоа претставува зголемување од 15,7% во споредба со истиот период минатата година. Бугарскиот туризам забележува огромен раст, а зголемувањето во последните 10 години е над 60%. Ова го соопшти министерот за туризам, Николина Ангелкова.
„Иако немаме официјални податоци за септември, можеме да кажеме дека ова е најуспешната летната сезона"- рече Ангелкова.
Се зголемува бројот на гости од Германија, Полска, Чешка, Унгарија, Словачка и други земји.
Постои голем интерес за културно-историскиот туризам, а голема посетеност имаат градовите Пловдив, Велико Трново, Габрово и други.