29 Март, 2024
0.0247

РЕКОРД: Oва е сумата за која е продадена слика на Да Винчи

Објавено во: Стил 16 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Сликата „Салватор Мунди“ (Спасител на светот) што некогаш ја проценувале на само 60 долари, за потоа да ја наречат најголемото уметничко откритие на 21 век, продадена е за рекордни 450.000 долари. Ова е дело на познатиот уметник Леонардо Да Винчи. 

Уметничкото дело од 16 век имало почетна цена од 100.000 долари, а сега официјално е најскапата слика што некогаш е продадена. Портретот на Христос е продаден на аукција во куќата Кристис во средата во Њујорк.

Аукцијата траела 19 минути, а новиот сопственик е анонимен. Претходниот рекорд го држеше сликата на Пабло Пикасо насловена „Жени од Алжир“, која во мај 2015 година достигна цена од 179,4 милиони долари. 

По реставрација, сликата првпат е прикажана во јавност во 2011 година на изложба во Националната галерија во Лондон.