19 Април, 2024
0.0264

За религискиот плурализам, секуларизмот и државата!

Објавено во: Колумни 07 Јуни, 2013

Добивај вести на Viber

Во ерата на глобализација, во ерата на научно-технолошкиот развој, во ерата на мас-медиумска и интернет експанзија, еден  специфичен  социолошки феномен, не само што не го изгуби здивот со современите и прогресивни текови, напротив, се повеќе се етаблира и зацврстува во совремието е сеако религијата. За религијата има онолку поимања, објаснувања и дефинирања колку што има и научници кои ја проучуваат. За нејзините специфики, за нејзините функции во секое општество, за нејзините елементи, тајни и неоткриени сегменти доволно е да се спомене само сентенцата од Видгенштајн кој ќе истакне “религијата е слична на леден брег-санта мраз кој плови по вода, сето она што е над водата тоа е познатото за неа, но никој не знае уште колку има под него, а тоа е она специфичното, незнајното, мистичното за неа”.

Меѓу социолозите на религија преовладуваат толкувања и размисли околу неколку специфични нејзини елементи, функции, белези и влијание, меѓу кои размисли би ги издвоила следниве: која е улогата на религијата во современото општество, значењето на етичката и интегративната функција на религијата денес,  секуларизмот со сите негови специфики, религискиот плурализам, етичката димензија на монотеистичките религии, религиската толеранција како еден од суштествените принципи во мултиконфесионалните општества, односот на верниците и атеистите...

Секоја религија треба да бидат во суштина на интересот на верниците Токму некои од тие прашања се актуелни и кај нас, посебно во последно време се крева прашина, а понекогаш и се предизвикува бура околу постулати кои се однесуваат на религискиот плурализам, секуларизмот и државата. Од низа истанци може да се согледаат нејаснотиите кои ги навјасуваат граѓаните кога станува збор за верата, нејзината улога денес, односот не верските организации кон државата, прашањата за секуларниот карактер на државата, мешањето на прашања и проблеми кои се немаат религиско обележје и инволвираност на религиски субјекти во нивно поимање и толкување. Ако се појде од основните постулати на големите религии, кои доминираат кај нас, и од нивните вредности и морални начела, тогаш во суштинат би требало сите верски институции и организации исклучиво би требале да се занимаваат со прашања и проблеми кои имаат исклучително религиски карактер. Проблемите и прашањата кои имаат општествен карактер апсолутно треба да бидат игнорирани од секој религиски субјект. Исконските и догматски начела на кои се темели секоја религија треба да бидат во суштина на интересот на верниците. Вистинските верници треба да се однесуваат во склад со етичките принципи и постулати на сопствената религија, кои треба да бидат и звезди водилки во нивниот живот и во секоја нивна комуникација со поинаквиот од нив да го насочуваат нивното однесување. Интересот на верниците треба да биде насочен кон правилно интерпретирање на суштинските елементи на религијата, чествувањето на религиските празници, правилно практицирање на религиските ритуали и ширење на основната идеја и заложба на сопствената религија а тоа е принципот на доброто и љубовта како врвни начела. Оние кои се директно одговорни за тоа се верските челници кои ја имаат исконската улога во правилна насока и едукација на верниците, првенствено во склад со начелата и нормите на сопствената религија. Да не се игра со чувствата на верниците и да не се злоупотребуваат во политички цели Но, што се случува кај нас и која е реалната слика? Малку искривена вредносна димензија на религијата и тоа во неколку начела. Прво верските лидери се вмешуваат и во прашања кои се далеку од религиски и кои имаат чисто државен карактер, што е надвор од верските догми и начела. Да не говорам за употребата во некои случаи на јазик кој е недоличен за лице кое ја носи одората и е врската меѓу верникот и Бога. Она што исто така може да се забележи е и недоволното познавање на суштината на религијата, односно се знае формата но не и содржината. Голем дел од верниците ги чествуваат религиските празници, без продлабочено да навлезат во нивното значење и суштина. Секуларноста е дел од нашата уставна определба и во некои случаи се крши-посебно со втурнување на веронауката (во класичен контекст) во јавните образовни институции. И често се мешаат баби и жаби поврзувајќи ја сопствената религиска определба и субјективниот став за религијата со објективното нејзино поимање и место во општеството. Јас како верник сум православна христијанка, ја почитувам сопствената религија, ги чествувам религиските празници во контекст на продолжување на традицијата, правам добро безусловно, ја ширам љубовта бидејќи тоа е дел и од религискиот вредносен дискурс на мојата религија, но како социолог и граѓанин во едно граѓанско општество реално и објективно ги толкувам религиските феномени и сметам дека за интеграција на религиски поинаквите е потребно запознавање на религиите а не веронаука. Мора да ги одвоиме нашите субјективни доживувања од објективното место на религијата во нашето општество. На крај само ќе порачам ДА НЕ СЕ ИГРА СО ЧУВСТВАТА НА ВЕРНИЦИТЕ И ДА НЕ СЕ ЗЛОУПОТРЕБУВААТ ВО ПОЛИТИЧКИ ЦЕЛИ, бидејќи таквиот начин значи директен атак и урнисување на основните постулати на кои почиваат монотеистичките религии. Проф. Д-р Татјана Стојаноска Иванова Институт за социологија Филозофски факултет Скопје

Можеби ќе ве интересира

Кина и Русија продолжуваат со градењето на мултиполарниот поредок

Кина и Русија продолжуваат со градењето на мултиполарниот поредок