19 Април, 2024
0.0246

Ресертифициран системот за квалитет на АХВ

Објавено во: Агробизнис 15 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Аудитори од сертификациското тело МКС, дел од меѓународната групација Quality Austria, на 12-ти и 13 февруари, по спроведената проверка за усогласеност со барањата на ISO 9001:2015 стандардот за управување со квалитет дадоа позитивна оценка за сработеното и го ресертифицираа Системот за квалитет на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) со што стана прва државна институција ресертифицирана по овој стандард, информираат од АХВ. 

„Агенцијата во изминатите три години, по воведувањето на стандардот ISO 9001: 2008 за управување со квалитет во институцијата, ги препозна придобивките од системскиот начин на управување со квалитет во институцијата и почна со имплементација на новата верзија на стандардот ISO 9001:2015. Минатата година, фокусот се стави на транзиција на Системот за квалитет на АХВ, и неговото усогласување со барањата на новиот стандард ISO 9001 : 2015. Целата документација, континуирано, во текот на минатата година, се усогласуваше со барањата на новата верзија на стандардот, и паралелно се идентификуваа ризиците во оперативните процеси, со цел да се воспостави управување на процеси преку утврдени ризици“- изјави директорот Зоран Атанасов. 

Нагласи дека придобивките од воведувањето на стандардот ISO 9001:2015 во работењето се од големо значење за АХВ, бидејќи тоа придонесува институцијата од година во година да добива додадена вредност во однос на квалитетот на услугите што ги нуди. 

Можеби ќе ве интересира

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари