19 Април, 2024
0.0273

Решени проблемите со софтверот, министерот ги повика земјоделците да аплицираат за субвенции

Објавено во: Агробизнис 06 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Почнува аплицирањето за земјоделски субвенции. Ова го соопшти министерот за земјоделство Лупчо Николовски кој посочи дека проблемите со софтверот за аплицирање се решени.

Тој ги повика земјоделците да конкурираат за добивање на субвенции за годинешното земјоделско производство .

Рокот за поднесувања на барањата за директни плаќања за 2017 година ќе трае до 15 Септември годинава.

 Сите заинтересирани земјоделци можат сами да поднесат барање за директни плаќања преку Е-Барање кое е поставено на страната на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Оние земјоделци кои не се во можност сами да си креираат барање, ги упатуваме најдоцна до 30 Август годинава да побараат техничка поддршка од Подрачната единица на Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство, за да можат да го запазат рокот за аплицирање. За помош околу аплицирањето земјоделците можат да ги користат и услугите на Агенцијата за поттикнување и развој на земјоделството.  

„Апелирам до земјоделците,  да го испочитуваат рокот за аплицирање, за да може  поднесените барања навреме да се обработат и субвенциите да се исплатат согласно предвидениот распоред во текот на годината кој е усогласен со типот на земјоделското производство“, рече Николовски.

Барањето се поднесува по електронски пат без доставување на документи, а врз основа на претходно евидентирани податоци во Единствениот регистар на земјоделски стопанста и Регистарот за идентификација и регистрација на домашни животни. Одгледувачите на говеда, овци, кози и пчели, пред подесување на барањето треба задолжително да ја проверат и по потреба да ја ажурираат состојбата на животните во ветеринарното друштво со кое имаат склучено договор.

Постапката за поднесување барање за директни плаќања е иста како и претходната година. 

На сите огласни табли на Подрачните единици на Министерството за земјоделство, од денеска на видно место ќе биде истакнато соопштение со сите потребни информации аплицирање.  

Можеби ќе ве интересира

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари