Решение за „војна на валутите“ стигна од Казахстан-ќе ја спаси ли светската економија глобална криптовалута?
Објавено во: Економија 17 Јуни, 2017
Претседателот на Казахстан Нурсултан Назарбајев предложил во текот на говорот на Економскиот форум во Астана како да се спаси светската економија од валутната војна со помош на создавање на глобална криптовалута.
„Дојде сериозно време да се разгледа прашањето за воведување на меѓународна платна единица. Таа ќе овозможи светот да се извлече од војните на валути, шпекулации, да се избегнат размери во трговските односи, да се намали нестабилноста на пазарот“, изјавил Назарбајев.
Според неговите зборови, оваа валута треба да се базира на едноставно сфаќање на механизмите на емисии кои ќе ги контролираат само нејзините потрошувачи.
„Земајќи ја предвид дигитализацијата, развојот на нови технологии како што е блокчејнот, таква платна единица може да биде создадена како криптовалута. Важно e таа да не се базира на апстрактна доверба туку на осигурување конкретен имот“, наведува Назарбајев.
Според негово мислење, воведувањето на глобалната криптовалута може да се организира по пат на создавање главна Централна банка, на пример при специјално формиран комитет на Обединетите нации.