18 Април, 2024
0.0258

„Рециклираме и се маскираме“- прв Еко маскенбал

Објавено во: Мои пари 15 Март, 2013

Добивај вести на Viber

Tрговскиот центар „Рамстор“ заедно со „Пакомак“, по повод 1-ви април организираат  Еко маскенбал кој ќе биде натпревар наменет за градинките и основните училишта. Темата на првиот маскембал од ваков тип е Рециклираме и се маскираме“, а задача на младите креативци ќе биде да изработат маски од материјали кои се рециклираат и истите да бидат едукативни, забавни и инвентивни. „За нас 1-ви Април е еден од најубавите празници, затоа што тогаш децата се највесели и најпрепуштени на нивната бескрајна креативност, градските улици се исполнети со колоритни и инвентивни маски, па сакавме таа живост да ја пренесеме и во нашиот трговски центар. А создавањето на еко концептот за изработка на маските беше врз основа на нашите постојани заложби, и преку детското катче „Сезнајковци“ и воопшто како компанија, односно поттикнување на младите на рационално размислување за животната околина во која живеат и поддржување на креативното размислување преку кое децата ќе испратат едукативни пораки“, изјави Елида Трајковска, координатор на проектот во Рамстор мол центарот. Учесниците во натрепварот можат да се пријават најдоцна до 31 март, до 18 часот на пултот поставен на главниот влез во трговскиот центар „Рамстор“. За избор на најдобра и најкреативна екомаска ќе се погрижи жири комисијата составена од претставник од Рамстор, Пакомак и ликовен педагог.

Можеби ќе ве интересира

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година