19 Април, 2024
0.0262

Ретвитни Оброк и Мрдни со Прст заедно во акција: Денеска од 17:00 часот се готви за бездомници и се слави 2-от роденден

Објавено во: Мои пари 21 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Денес од 17:00 часот, на улица Петар Поп Арсов бр. 6. во близина на Универзална Сала, Ретвитни Оброк заедно со Мрдни со Прст и DJ Goce SAF ќе готват за бездомници и ќе го прослават 2-от роденден на групата ентузијасти која подготвува и донира оброци на оние на кои им е најпотребно.

Имено, секој е добредојден денеска, но и секој петок во иднина, да мрдне со прст и да помогне околу сецкањето на морков, кромид, зелка, мешање на ориз, пакување на зготвените оброци или друга креативна опција - да донесе неколку зготвени и спакувани оброци и воедно да се дружи со позитивни и весели луѓе. Дополнително, DJGoce SAF ќе биде музичката поддршка и подлога со цел готвењето да биде разиграно, лесно и певливо.

„Идејата „Ретвитни оброк“ се роди пред точно две години. Сега сме самоорганизирана група од дваесетина млади луѓе кои подготвуваат и донираат оброци на бездомниците во Скопје. Покрај тоа што сме дваесетина луѓе, секој петок ни се приклучуваат нови кои готват заедно со нас. Всушност, во петок ја готвиме храната за потоа секоја сабота од 12:30 часот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза истата храна се подели на оние кои се гладни и живеат на раб на егзистенција. Од скромниот почеток сега стигнуваат до повеќе од 150 оброци спакувани во алуминиумски садови. Не важно дали е ориз со копан, гравче-тавче, печен компир или макарони со парче месо и сaлата, важно што е свежо и доволно за еден ручек. Бројот на оброци секоја недела постојано се зголемува, а ова се должи на се поголемиот интерес и јавувањето на се' повеќе нови лица кои се приклучуваат, организации, фирми и хумани граѓани кои учествуваат било за подготовка, било за транспорт на оброците дури и низ повеќе градови во земјава. Се надеваме дека од сабота во сабота ќе имаме се повеќе луѓе кои што ќе донесат храна на нашето збирно место – зад Спомен-куќата на Мајка Тереза, изјавија од Ретвитни Оброк.

Повеќе за денешниот настан и прославата на 2-от роденден на Ретвитни Оброк заедно со Мрдни со Прст и DJ Goce SAF можете да дознаете на официјалниот настан на Facebook: https://www.facebook.com/events/281268385658355/

Кампањата „Мрдни со прст“ продолжува и понатаму, а секој кој сака да се пријави за следните акции или да пријави проблем може тоа да го направи преку веб страната www.mrdnisoprst.mk или Facebook страната www.facebook.com/MrdniSoPrst.

Можеби ќе ве интересира

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година