20 Април, 2024
0.0371

Revlon Style Masters шоуто во Брисел со најдобрите стилисти постави нови трендови

Објавено во: Стил 10 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Revlon Style Masters шоуто и оваа година ги собра најкреативните професионалци во светот на настан кој веќе прерасна во основа за фризерскиот и стилскиот сектор.

Шоуто ја демонстрира постојаната посветеност на Revlon кон уредувањето на косата, и е совршена платформа за постигнување на долго етаблираната цел на компанијата, а тоа е да се признае престижот кој фризерите го заслужуваат.

Брисел, срцето на Европа, оваа година блеска со неверојатни колекции кои Revlon Professional ги постави во исклучителни поставки, спектакуларни стилови на фризури, иновативни креации и нови модни трендови кои заедно чекорат за да ги воодушеват присутните, повеќе од 3500 луѓе од 60 држави.

Style Masters како стилиски бренд на производи на Revlon Professional ги поддржува стилистите за коса со нивните артистични вредности обезбедувајќи им можност да добијат светска видливост на нивните најкреативни изработки, откривајќи и професионално лансирајќи нови таленти кои доаѓаат во индустријата.

Заради оваа причина, интернационалниот натпревар Style Master ја организира светската конкуренција преку Revlon Professional и секоја година ја наградува колекцијата со најмногу гласови. Сите присутни имаа можност да ги искусат највозбудливите моменти на ноќта, прогласувањето на победниците на натпреварот. Конкуренцијата останува верна на сојата философија, подржувајте ги стилистите како уметници и дајте им шанса да ги прикажат своите креации.

Интернационално жири составено од големи имиња во фризерството и модните сектори одбира 9 финалисти од 30 земји победнички. Овие 9 финалисти ги претстават нивните земји и во обид да станат глобални победници, да добијат награда за најдобар комерцијален изглед и најдобра изведба во живо пред публика ентузијасти на шоуто.

Голема новина оваа година лежи во наградата за најдобар перформанс во живо заедно со промената на одредени категории, а присутна е и наградата за најдобар млад талент.

AMERICAN CREW ALL-STAR предизвик

American Crew исто така е во потрага по најдобриот стилист на коса за мажи, преку предизвикот на „Сите ѕвезди“, како уникатен натпревар кој има се повеќе следбеници секоја година, а истиот докажува дека машкото стилизирање на коса е во подем.

Од сите учесници 15 интернационални кандидати ќе бидат одбрани да презентираат на финалето на American Crew All-Star предизвикот на The Style Masters Show шоуто во Брисел. Глобалниот победник ќе биде избран од жиро комисија составена од интернационални експерти и ќе биде претставен за време на гала настанот.


Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган