28 Март, 2024
0.0237

Проф. д-р Борис Анакиев

Револуционерни технологии за развој на прецизно земјоделство

Објавено во: Агробизнис, Колумни 30 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Во почетокот на 2016 година американската компанија „Trimble“, го промовираше пред земјоделците индустрискиот таблет MMX-070, кој е базиран на андроид платформа и слично на својот претходник  TMX-2050 во себе собира редица мобилни практики (примени), специјално создадени за работа со него, кој овозможува следење на нормата на сеење, да се користи за калибрација на приклучните машини и друго. Голема предност за земјоделците претставува користење и на TeamViewer, што дава можност за далечинско набљудување на дисплеите користени во полето и извршување на диjагностиката или укажување на соработка на операторот ако тој работи во полето. Така, таблетот станува незаменлив помошник и советник на секој земјоделски производител.

Тој е во потполна усогласеност со сите ISOBUS инвентари, што овозможува да се користи за примена на прецизно земјоделство во движење или за дијагностика на машините и другите средства со примена на производителите на средства за производство вградени во него.Апаратурата е лесно пренослива и отпорна на удари што ја прави лесна за секој производител да може да ја носи со себе, а дополнителните акцесоари како bluetoothантена со висока точност му овозможува да биде искористен и како стандарден дисплеј за навигација со висока точност.

Тракторите „TrimbleTMX-2050“ и технологијата „Nextswath“, можат сами да се свртуваат на крајот на парцелата. Технологијата овозможува машината да избере најдобар радиус на свртување и да го исполни, со што се минимизира набивањето на почвата, излегувањето од границата на работната површина и се подобрува точноста помеѓу две соседни бразди уште од почетокот на парцелата.Оваа технологија е применлива, како кај трактори со приклучни машини за ѓубрење, сеидба и други процеси, така и кај самоходни прскалки, комбајни и друго.

Дисплеите „TrimbleTMX-2050“, благодарение на своите Android базирани технологии овозможуваат исто така користење на редица примени како: Connected-FarmScout и ConnectedFarmFleet за мониторинг на случувањата во земјоделското стопанство: GeeSCAN-за откривање на силните и слабите места на индексните карти кои се наоѓаат во машината, НИК следење со машини може да се проследи во реално време во однос на позицијата на другите земјоделски машини, вклучително и камиони, цистерни  и лесни автомобили во стопанството и примена на FiledClimate, каде секој во стопанството може да ја прегледа метеоролошката прогноза од метеоролошката станица. Тука е и PESSL и графиките со соодветните интервали за ѓубрење, прскање или жетва според очекуваните метеоролошки услови. Така дисплејот се претвара од направа за навигација по полето, во команден центар, кој собира информација за случувањата во целото стопанство.

Повеќе од 30 години метеоролошките станици PESSLinstruments, претставува средство за превземање на одговорни  решенија за земјоделските  процеси и дејности  во земјоделското стопанство. Тоа одговара на пршањето зошто е важно да се користат метеоролошки станици, за да знаеме кога, каде и дали треба да превземеме агрономски дејствија за да ги сочуваме растенијата здрави.   Тоа се случува преку информацијата која што ја добиваме од метеоролошката станица монтирана на територијата на земјоделското стопанство, каде што се обработуваат земјоделските површини. Во зависност од сензорите кои што ќе се инсталираат на станицата, се добиваат следните информации:

-Детална информација (прогноза) за времето со висока точност за 7 дена однапред.

-Прогноза за прскање – автоматска оценка од станицата за погодното време за прскање на секои 6 часа за 7 дена однапред.

-Прогноза за ѓубрење - автоматска оценка на ефективноста од извршување на ѓубрењето за 7 дена однапред.

-Прогноза за оценка на времето за жетва - автоматски оценки на условите за прибирање на реколтата по часови за 7 дена однапред.

-Оценка на рискот од заболување на културите. Вклучени се над 40 прогнозни модели за развој  на болести за различни култури како што се: р'ѓа, фузариум, сиво гниење, алтернарија, пламеници и др.

-Предупредување на измрзнување за да ги заштити растенијата.

-Мерење на температурата на почвата, влажноста на почвата и препорака за норма на наводнување во зависност од културата и др.


Можеби ќе ве интересира

СЕ БЛИЖИ ВЕЛИГДЕН: Колку пари ќе ви требаат ако сакате да купите јагне?

СЕ БЛИЖИ ВЕЛИГДЕН: Колку пари ќе ви требаат ако сакате да купите јагне?

ОД ДЕНЕС ВЕДРО НЕБО И МНОГУ СОНЦЕ: Максималните дневни температури пролетно високи

ОД ДЕНЕС ВЕДРО НЕБО И МНОГУ СОНЦЕ: Максималните дневни температури пролетно високи