28 Март, 2024
0.0241

Револуционерно откритие на научници во победата над ХИВ вирусот

Објавено во: Стил 05 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Американски научници успеале да излекуваат лабораториски глувци од заразниот вирус ХИВ.

Тоа е прв пат кај некое живо битие , а експериментите се изведени на глувци на кои им биле вбризгани човечки имунолошки ќелии, да е победен вирусот кој предизвикува сида, една од најсмртоносните болести.

Три типа инфекции

Истражувањето го извеле научници од универзитетот Темпл и Универзитетот во Питсбург. Истиот тим во 2016 година го отстрани ХИВ-от од крв во лабораториски садови, а новиот успех е голем чекор кон лекот за Хив.

-Со експериментите ги потврдивме податоците од претходната студија и успеавме да ја подобриме ефикасноста на промена на гените. Нашата стратегија е ефикасна во борбата дури на три модели зараза. Прво деактивиравме HIV-1 кај глувци, потоа вирусот EcoHIV целосно го отстранивме од трансгени глувци со акутна инфекција, каде вирусот многу брзо се репродуцира , а на крај го отстранивме од глувци од човечки имунолошки ќелии кои имале латентна инфекција-рекол др. Венхуеј Ху, водач на тимот.

Успех 96 отсто

Како што додава овие резултати докажале дека системот на лекување кој го развиле е ефикасен 95-96 отсто.

-Следниот чекор е овој систем на лекување да го испробаме на приматите, кои ни се поблиски кога се работи за испитување на ширењето на вирусот. Ако кај нив успееме да го убиеме ХИВ, наша цел се клинички испитувања на луѓето, рекол др. Камел Калил, член на тимот.

Можеби ќе ве интересира

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи