20 Април, 2024
0.1413

РИБАР, НАФТАШ, ПА МИЛИЈАРДЕР: Како овој богаташ стигна до богатство кое почнува да го донира?

Објавено во: Финансии 03 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Норвежанецот Кјел Инг Реке (Kjell Inge Roekke) бил рибар пред да се збогати на нафтената индустрија, а неговото богатство се проценува на 2 милијарди долари.

Тој сега одлучил да им се придружи на другите милијардери со доброволни активности, како што се Бил Гејтс, Ворен Бафет и Марк Закерберг, и ветил дека ќе подели поголем дел од своите пари.

За почеток, норвешкиот богаташ најави дека ќе финансира истражувачки брод кој ќе отстранува пластични отпадоци од океан. Бродот ќе има 30 членови екипаж, со простор за до 60 научници и лабараторија. Ова пловило од морето ќе отстранува дневно до пет тони пластика, која ќе се топи, а целиот проект ќе се одвива во партнерство со WWF (World Wildlife Fund).

Нина Џенсен од WWF прокоментирала дека нејзините ставови за нафтените истражувања се „многу далеку“ од гледиштето на Реке и дека ќе продолжи да ги преиспитува неговите ставови кога не се сложуваат, но исто така додала дека е многу возбудена поради покренувањето на проектот на истражувачкиот брод, со кој се обврзал норвешкиот богаташ.

„Не сум никогаш досега слушнала за слична обврска“, рекла таа.

Реке и неговата сопруга веќе водат фонд кој им дава стипендии на постдипломците, а не е познато во кои други цели ќе донира пари. Тој никогаш не завршил средно училиште ни факултет а притоа страда од дислексија.

Можеби ќе ве интересира

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин