23 Април, 2024
0.0275

РИСТОСКА ЗА ЗАМРЗНУВАЊЕ НА ИМОТОТ НА ВМРО-ДПМНЕ: Oна што го преземаме ние е во заштита на партијата

Објавено во: Македонија 18 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Oбвинителката Ленче Ристоска од СЈО денеска изјави дека е одбиено барањето на СЈО до Врховниот суд за заштита на законитост против одлуката на Кривичниот суд каде што беше одбиено замрзнување на имотот на ВМРО-ДПМНЕ во случајот „Талир“. 

Таа вели дека главен аргумент на СЈО за замрзнување на имотот е дека веќе еднаш во 2016 година, имотот бил ставен под хипотека кај една од комерцијалните банки.

Ристоска објаснува дека замрзнувањето на имотот е само привремено. Таа ги отфрла тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ дека СЈО работи во полза на власта

„Со тоа само би се ставила забрана раководните лица да не можат го отуѓуваат имотот и да нанесат дополнителна штета на политичката партија. Ако ја земаме политичката партија како правен субјект, она што го преземаме ние е во заштита на партијата“- изјави Ристоска.

Врховниот суд во наредните денови треба да донесе одлука дали ќе го прифати барањето за заштита на законитоста поднесена од СЈО.

Таа кажа дека истрагата за случајот „Талир“ продолжува, но не даде детали.

Првоосомничен во случајот „Талир“ е претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, а осомничени се и пратениците Илија Димовски, Даниела Рангелова и екс-премиерот Емил Димитриев, генералните партиски секретари Мартин Протуѓер и Кирил Божиновски, шефовите на центарот на комуникации, Александар Бичиклиски и Иво Котевски.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП