28 Март, 2024
0.0227

Робинката Исаура, махараџите и останати баханалии

Објавено во: Колумни 19 Јули, 2013

Добивај вести на Viber

Пред скоро три децении почна напливот на серии од индиско – бразлиско - шпанско потекло, серии кои лесно се голтаа од публиката беа нови, а обработуваа приказни, најчесто љубовни, најчесто од секојдневнието, фабули кои произникнуваа од обичниот живот на луѓето и како што лесно (лимонадата клизи низ грлото) така и тие беа голтани од страна на масовната публика. Помнам како дете од 7-8 годишна возраст често обожував да седам во скутот на мојата баба и како мошне љубопитно дете поставував безброј прашања кои се однесуваа на животот, смртта, љубовата меѓу луѓето, меѓу родители, животните навики, убавите нешта, кавгите и слично. Баба ми која не беше високо образувана, но честита шнајдерка, беше природно мудра жена која без тронка потешкотија ми одговораше, на себе својствен начин на сите прашања кои јас постојано и ги поставував. Но, нашиот разговор единствено замолкнуваше кога ќе дојдеше на ред една серија со интересен наслов „Робинката Исаура“. И ден денес од потсвеста ми излегуваат слики и свежи сеќавања на една млада робинка која малтретирана и репресирана на крај ќе се омажи со еден богат раџа и како во секоја приказна со среќен крај ќе си живее со него до крајот на животот... Дежаву... И секако не е Исаура, туку е Субрата Дежаву или веќе видено деновиве ми се случува гледајќи новитети и новости на нашите телевизиски екрани, но и читајќи во пишаните медиуми или интернет порталите за личности кои што се почесто ја посетуваат нашата ни мила држава. И секако не е Исаура туку е Субрата, и секако не е робинка туку е богаташ, но мислам дека не претерувам на низата сличности кои намерно или случајно ги приметувам. Ги гледам и следам постојано на медиумите, во центарот се на вниманието, во кулоарите се говори за нив, нема генерациски лимит, секој сака да искоментира или каже свое мнение за нив - за богаташот, исто како што и пред години се говереше неврзано, но и намерно за малата „Робинка Исаура“, медиусмки експонирана постојано и во центарот на внимание и на младите и на старите и на просјакот и на богатиот. Прашањето кое што сигурно си го поставувате без двоумење е што е суштинската сличност. Дали навистина нас ни се посреќи, ја фативме ли златната рипка Субрата Една од главните и потенцијални цели на посетата на богаташот на кој што „сите му се радуваме“, некои го глорифицираме, а некои го критикуваме, а секако заслужува социолошка анализа како специфичен социолошки феномен којшто ја изнедри потребата за сериозни размисли кои одат од крајност во крајност и кои се насочени во следниве правци. Дали навистина нас ни се посреќи, ја фативме златната рипка Субрата и конечно ќе можеме да го почуствуваме гламурот и сјајот на елитата токму преку објектите кои што ќе се градат, ќе ни се посреќи да некој си најде работичка и си го обезбеди парченцето леб токму работејќи во неговите фирми или од друга страна една небулозна теорија која ја поткрепува дел од интелектуалната елита дека сето тоа е една убава идилична приказна многу повеќе утопистичка, отколку реалистична.  И повторно каде е сличноста. Отворањето на некои нов македонски боливуд-холивуд во кои ќе изболиуваат ликови од човековото секојдневние, но и богати раџи и махараџи кои ќе се вљубат во обичната продавачка на темјанушки или Билјана која што враќајки се од белење платно кај чинарот ќе го сретне принцот на коњот и како во доброспакуваните приказни од типот на „Робинката Исаура“ ќе се вљубат и животот ќе го поминат во среќа и благосостојба. Доволно ни беа „Малечки невести“ и „Огнови на љубовта“ кои и така ни го разнишаа кревкото чувство за естетика Знам дека звучи метафорично, но сакав да биде саркастично бидејќи повеќе или помалку ступидно делува сериозно најавуваната идеја дека еден од главните проекти и инвестиции ќе биде големата филмска продукција со индиско потекло. Не сакам да звучам безобразно, но доволно ни беа „Малечки невести“ и „Огнови на љубовта“ кои и така ни го разнишаа кревкото чувство за естетика, кои го урнисаа чувството за убаво, вредносно, уметнички изразено и естетски продуховено, кои на пиедесталот ги изложија шундот и кичот и кои што и тоа како им дадоа погрешни модели на децата. Од такви серии доста ни е, за таква продукција јасно и гласно велам Не Благодарам и со здрав разум воскликнувам до кога младите и идните носители на општествениот прогрес културно ќе ги уназадуваме и унаказуваме? Она што итно ни треба е културна надградба и уметничко оплотување во вистинска смисла на зборот, естетско изразување преку секое творештво кое подразбира потенцирање на убоста, уметноста во вистинска смисла на зборот. Затоа под најитно молам наместо македонски Боливуд да се отвори македонска културна ризница во која ќе најде место секој вистински уметник, секој познавач на уметничкото дело, секој творец и создадетел на убав пишан збор, но и создавач на филм којшто ќе ги покаже вистинските културни вредности и со помош на кои младите вистински вредносно и културно ќе се развијат. Проф. д-р Татјана Стојаноска Иванова Институт за социологија Филозофски факултет-Скопје

Можеби ќе ве интересира

ЗА (НЕ)ПРИМЕНАТА НА ИЗМЕНИТЕ И ДОПОЛНУВАЊАТА НА ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ

ЗА (НЕ)ПРИМЕНАТА НА ИЗМЕНИТЕ И ДОПОЛНУВАЊАТА НА ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ

Кој го организираше терористичкиот акт во Русија?

Кој го организираше терористичкиот акт во Русија?

ИЗМЕНИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИТЕ ОДНОСИ И ЗАШТИТАТА НА ДОВЕРИТЕЛИТЕ ИЛИ ДОЛЖНИЦИТЕ ИЛИ СОЦИЈАЛНИТЕ СЛУЧАИ?

ИЗМЕНИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИТЕ ОДНОСИ И ЗАШТИТАТА НА ДОВЕРИТЕЛИТЕ ИЛИ ДОЛЖНИЦИТЕ ИЛИ СОЦИЈАЛНИТЕ СЛУЧАИ?