Роботи за достава на храна, возачи не се потребни
Објавено во: Економија 21 Јануари, 2017
Роботи наскоро ќе можат да разнесуваат храна и намирници, пишува Тајм.
Компанијата Starship Technologies планира своите роботи да ги тестира во Лондон, Дизелдорф, Берн и Хамбург, а ќе ги користат две компании за достава на храна.
Од овие компании се надеваат дека роботите ќе им заштедат пари и време.
На почеток прво работници од далечина ќе ги управуваат работите.
Потоа тие ќе бидат посамостојни. Се претпоставува дека еден работник ќе може да следи 100 роботи.