23 Февруари, 2017
0.4631
    ALK 5551.59    0.05%     FUBT 1200    0%     JULI 372    0%     KMB 2958.66    0.47%     OHB 5000.28    1.38%     RMDEN15 93.96    -0.57%     STB 912.52    -1.35%     TNB 10557.14    1.51%     USJE 24499    0%     ZPKO 2600    -3.7%

РОБОТИТЕ ВЛЕГУВААТ ВО БИТКА СО ЛУЃЕТО: За 20 години овие професии ќе ги управуваат машини!

Објавено во: Финансии 09 Јануари, 2017

Се повеќе дејности им веруваат на кибертехнологиите.  

Според прогнозите на консултантската компанија A.T. Kearney за околу 20 години некои работни места, на кои денес работат луѓе, ќе се преземат од роботи. 

Еве кои се тие:

10. Сметководители - тие го заземаат последното место на листата на професиите кои ќе бидат автоматизирани.

9. Заварувачи- роботската техника се имплементира и во машинската индустрија. Паметните системи ќе ги спасат луѓето од опасната и тешка работа. 1

8. Складирачи - Работата на логистичките задачи исто така ќе биде доверена на роботите.

7. Банкарските службеници - во оваа сфера се исто така зафатени многу луѓе, доволно е да се прошетате по булеварот на големите градови и да видите колку банкарски филијали и канцеларии има. Милиони луѓе ќе треба да си бараат нова работа, бидејќи секоја валутна операција може да биде извршена од страна на робот.

6. Поштар - во 2013 година Концернот „Дојче Пост“ за првпат најави дека писмата во тешко достапните области може да бидат доставени со помош на мини-хеликоптери „Пакеткоптер“. Не е исклучено во блиска иднина тие целосно да ги заменат поштарите и поштенските курири. Само во Германија во оваа сфера работат околу 700 000 луѓе.

5. Економистите - решавањето на комплексните економски пресметки исто така ќе биде пренесено на роботи.

4. Келнер - во некои ресторани во Кина сервисниот персонал е составен од роботи. Тие прифаќаат наредби, ја служат храната и ви носат сметка. Роботите работат 7 часа, без да им се истрошат батериите.

3. Продавачи - во супермаркетите во големите западноевропски држави се почесто можеме да видиме каси за самопослужување, кои постепено ги истуркуваат касиерите. Клиентите сами можат да ги скенираат баркодовите на стоките, да си бројат овошје или зеленчук, а потоа да платат кеш или со картичка.

2. Кулинари - роботите-готвачи едвај ќе можат да претендираат за ѕвезда Мишелин, но сигурно ќе се справат со секоја монотона работа вокујната.

1. Секретар - речиси нема голема фирма, во која нема секретар. Најверојатно во следните 20 години во индустриски развиените земји 70% од секретарите ќе бидат заменети со роботи.

Можеби ќе ве интересира

Ја напуштила работата во Гугл и почнала свој бизнис

Ја напуштила работата во Гугл и почнала свој бизнис

AКО ПЛАНИРАТЕ ДА ЗАМИНЕТЕ: Ова се најскапите држави за живот во 2017!

AКО ПЛАНИРАТЕ ДА ЗАМИНЕТЕ: Ова се најскапите држави за живот во 2017!

МЕНАЏЕРИТЕ НА МАКИ: Како да ги мотивираат работниците?

МЕНАЏЕРИТЕ НА МАКИ: Како да ги мотивираат работниците?

(ФОТО) ПАТ ОКОЛУ СВЕТОТ ЗА 20 ДЕНА: Нема човек кој нема да посака ваков одмор!

(ФОТО) ПАТ ОКОЛУ СВЕТОТ ЗА 20 ДЕНА: Нема човек кој нема да посака ваков одмор!

ОВИЕ ДА ГИ РАБОТИТЕ: Професии кои во исто време ве прават и среќни и богати

ОВИЕ ДА ГИ РАБОТИТЕ: Професии кои во исто време ве прават и среќни и богати

НЕСЕКОЈДНЕВНА ПРИКАЗНА: Работи кои ги научив од 12 мултимилионери кои не се родени богати

НЕСЕКОЈДНЕВНА ПРИКАЗНА: Работи кои ги научив од 12 мултимилионери кои не се родени богати

Ако не сакате помала плата, побрзајте за на работа

Ако не сакате помала плата, побрзајте за на работа

Со еден велосипед можат да заработат просечна плата

Со еден велосипед можат да заработат просечна плата

ШТО ПРАВАТ ПРВО КОГА СТАНАТ: Шест милијардери и нивните корисни утрински навики

ШТО ПРАВАТ ПРВО КОГА СТАНАТ: Шест милијардери и нивните корисни утрински навики