19 Април, 2024
0.0313

Роди ме мајко извршител и фрли ме во Македонија!

Објавено во: Економија 29 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Министерството за правда работи за измените на Законот за извршување, што пак е предвидено иво Стратегијата за реформа на правосудниот сектор за период 2017-2022 година.

„Главната цел на Министерството за правда е намалување на трошоците и одредени олеснувањана граѓаните во постапките пред извршител што ја одразува ориентираноста на Министерството да работи во интерес на граѓаните, велат од Министерството за правда за Фактор.

Но, појаснуваат и дека се разговара и за ревидирање на начинот на вршење на надзор врз работата на извршителите и Комората на извршители. Дополнително во веќе формираната комисија се разговара и за други отворени прашања за оваа дејност.

„Првичните идеи за измена на Законот за извршување се во насока на менување на концептот за електронско полагање на испитите, менување на концептот на именување на извршители и заменици извршители бидејќи истиот го оневозможува самиот процес да се реализира. Но додваат и дека покрај барањето начини да за поедноставување на процесот на извршување, како и укинување на задолжителната вонсудска наплата на долгови и нејзино трансформирање во доброволна на барање на доверител и ревидирање на начинот на вршење на надзор над работата на извршителите и Комората на извршители, појаснуваат од Министерството за правда.

Колку заработуваат извршителите?

Граѓаните постојано се жалат дека кога нивните предмети стигнуваат кај извршител тие потоа на различни начини им ја зголемуваат сумата што треба да ја платат, па затоа и за минимален долг се плажаат огромни суми. Дури и кога ќе се склучи договор за плаќање на рати, и за тоа со секоја рата должникот плаќа дополнителни пет евра. Но, тоа се само дел од дејствијата што извршителите ги превземаат, се плаќа за достава на писмо, за полициска асистенција, и ред други дополнителни трошоци. И покрај претставките на граѓаните, сепак досега откако постоја извршителите, односно за десет години само на еден му е одземена лиценцата, а 55 имале дисциплински постапки, од кој најголемиот дел се парични казни, а помал дел суспензија.

Сите извршители кои работат во Македонија, а ги има околу 100 за последните пет години имале вкупни приходи од 60 милиони евра. Додека пак нивната добивка изнесува 23 милиони евра.

На врвот на листите според најголеми приходи и добивка, во сите последни пет години се појавува името на Гордан Станковиќ - поранешн претседател на комората на извршители. Па така, Станковиќ за пет години имал вкупни приходи близу 3 милиони евра, додека остварил добивка од 1,3 милиони евра.

Во 2012 година, Станковиќ има приходи од половина милион евра, а заработка од 187 илјади евра. Додека приходите на извршителите Јакимовска, Буневски, Јованов, Деловска Мартиновска, Саветка Георгиева, Јулита Ѓеорѓиева, Кламатиева изнесуваат од 220 илјади евра до близу 300 илајди евра.

Десет извршители со најголеми приходи во 2012 година

 

    • приходи добивка

  • Гордан Станковиќ 510.000 евра 187.000 евра

  • Златко Пејовски 288.000 евра 97.000 евра

  • Весна Јакимовска 276.000 евра 131.000 евра

  • Андреја Буневски 272.000 евра 8.000 евра

  • Христо Јованов 272.000 евра 134.000 евра

  • Весна Деловска 259.000 евра 149.000 евра

  • Биљана Мартиновска 242.000 евра 122.000 евра

  • Саветка Георгиева 232.000 евра 90.000 евра

  • Јулита Ѓеоѓиева 226.000 евра 114.000 евра

  • Фанија Каламатиева 221.000 евра 3.000 евра

Во 2013 година Гордан Становиќ има приходи од 619 илјади евра а заработка од 314 илајди евра. На второ место е извршителот Анфдреја Буневски со приходи од 414 илајди евра, но пимал добивка од само 31 илјади евра. Останатите извршители Каламатиева, Џутеска, Коштанов, Николовски, Деловска и Јованов имале приходи од 229 илјади евра до 309 илјади евра.

Десет извршители со најголеми приходи во 2013 година

    • приходи добивка

  • Гордан Станковиќ 619.000 евра 326.000 евра

  • Андреја Буневски 414.000 евра 31.000 евра

  • Фанија Каламатиева 309.000 евра 7.500 евра

  • Весна Јакимовска 304.000 евра 112.000 евра

  • Гордана Џутеска 294.000 евра 145. 000 евра

  • Златко Пејовски 293.000 евра 66.000 евра

  • Антончо Коштанов 236.000 евра 99.000 евра

  • Благоја Николовски 231.000 евра 68.000 евра

  • Весна Деловска 230.000 евра 129.000 евра

  • Христо Јованов 229.000 евра 100.000 евра

Во 2014 година Гордан Станковиќ – имал приходи од повеќе од половина милион евра а заработка од 272 илјади евра. Зад него повторное извршителот Андреја Буневски со приходи од 379 илајди евра но заработка од 31 илајди евра. Останатите извршители Џутеска, Каламатиева, Јакимовска, Петресеки, Давидовиќ Георгиева и Јованов имаат приходи од 230 илајди евра до 303 илјади евра, но далеку помали добивки.

 Десет извршители со најголеми приходи во 2014 година

    • приходи добивка

  • Гордан Станковиќ 594.000 евра 272.000 евра

  • Андреја Буневски 379.000 евра 31.000 евра

  • Гордана Џутеска 303.000 евра 165.000 евра

  • Фанија Каламатиева 290.000 евра 7.000 евра

  • Весна Јакимовска 267.000 евра 64.000 евра

  • Зоран Петрески 253.000 евра 55.000 евра

  • Златко Пејовски 253.000 евра 25.000 евра

  • Магдалена Давидовиќ 244.000 евра 96.000 евра

  • Саветка Георгиева 240.000 евра 79.000 евра

  • Љупчо Јованов 230.000 евра 88.000 евра

Во 2015 година, Гордан Станковиќ имал приходи од 591 илјади евра, а добивка од 298 илјади евра. Следена е Зоран Петрески со приходи од 415 илјади евра а добивка од 178 илјаид евра. Останатите извршители, Буневски, Каламатиева, Џутеска, Андреевска, Деловска, Јкаимовска, Јованов и Георгиева имаат приходи од 231 илјади евра до 357 илајди евра и добивки до 130 илјади евра.

Десет извршители со најголеми приходи во 2015 година

  • приходи добивка

  • Гордан Станковиќ 591.000 евра 298.000 евра

  • Зоран Петрески 415.000 евра 178.000 евра

  • Андреја Буневски 357.000 евра 54.000 евра

  • Фанија Каламатиева 335.000 евра 22.000 евра

  • Гордана Џутеска 288.000 евра 130.000 евра

  • Снежана Андреевска 270.000 евра 23.000 евра

  • Весна Деловска 249.000 евра 128.000 евра

  • Весна Јакимовска 245.000 евра 54.000 евра

  • Љупчо Јованов 234.000 евра 73.000 евра

  • Саветка Георгиева 231.000 евра 64.000 евра

Минатата година пак Гордан Станковиќ имала приходи од 598 илјади евра а заработка од 267 илајди евра. Извршителот Зоран Петрески, кој беше и претсетадел на Комората на извршитело до пред извесно време имал приходи од 503 илајди евра а заработка од 227 илајди евра. Останатите извршители Адреевска, Џутеска, Буневски, Каламатиева, Страчкова, Јакимовска, Давидовиќ и Јованов имале приходи 252 илјади евра па се до 415 илјади евра а нивните добвки се двиќат пд 221 евра до 184 илјади евра

Десет извршители со најголеми приходи во 2016 година

  • приходи добивка

  • Гордан Станковиќ 598.000 евра 267.000 евра

  • Зоран Петрески 503.000 евра 227.000 евра

  • Снежана Андреевска 415.000 евра 47.000 евра

  • Гордана Џутеска 381.000 евра 184.000 евра

  • Андреја Буневски 377.000 евра 221 евра

  • Фанија Каламатиева 352.000 евра 32.000 евра

  • Даница Страчкова 344.000 евра 82.000 евра

  • Весна Јакимовска 298.000 евра 62.000 евра

  • Магдалена Давидовиќ 260.000 евра 115.000 евра

  • Љупчо Јованов 252.000 евра 88.000 евра

Според овие податоци во последните пет години, на листата на извршители со најголеми приходи најчесто се појавуваат истите имиња на извршителите.

Можеби ќе ве интересира

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

КАКО ИЗРАЕЛ СТАНА СТАРТАП НАЦИЈА? Еве што се крие зад израелското стартап „чудо“

КАКО ИЗРАЕЛ СТАНА СТАРТАП НАЦИЈА? Еве што се крие зад израелското стартап „чудо“