19 Април, 2024
0.0293

РОДИТЕЛИ, ако го тепате детето-еве што ќе се случи со неговата личност: неприфатлива грешка!

Објавено во: Стил 28 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Нема да е потребна цела статија да ви објаснуваме со прости зборови што ќе се случи, ако го тепате детето. Силно се надеваме дека телесната казна да не е приоритет за вас. Зашто, ако го тепате детето, и тоа често, има голема веројатност да се случат две работи:

- да стане силно комплексирана личност.

- или да стане злоупотребувач.

Затоа, уште поважно е да разгледаме ситуации кои одговараат на прашањето "Зошто доаѓа до тепање, и тоа над дете?"

1. Првата и најверојатно најчеста причина за телесна казна е губење на контрола и рамнотежа од страна на родителите. Ако мама или тато се лути, уморни или загрижени за нешто, но детето „мрмка“ за чоколадо или играчка, ништо чудно да го удрат. Потоа детето почнува да вреска уште посилно, за што добива уште еден шамар, се собираат луѓе, станува панаѓур... Знаете ли дека агресивната вербална реакција на јавно место е пострашна од тепањето? И што се случува, ако ги комбинирате двете? Ова ќе е двојно малтретирање за детето!

2. Родителите посегнуваат кога им недостигаат аргументи. Тогаш е најлесно "да се фатат за ременот". Единствено што детето го разбира во слична ситуација е дека не е потребно многу да се објаснува. Може само да го удри својот соговорник, и спорот ќе биде решен.


3. Светот денес е различен. Нашите деца, како и децата на нашите деца, никогаш нема да ја согледаат телесната казна, по начинот на кој ние го примавме тоа. Дури реакциите на децата веќе се различни.

Порано беше лесно - скршиш нешто добиваш еден шамар, и следниот пат повеќе си внимателен. Денешните деца како едното ништо може да се јават во Одделението за заштита на детето, ако им се случи тоа. И со право.

Тепањето не воспитува. Или ако воспитува - воспитува тепачи и комплексничари!

4. Тоа е многу глупава причина, но се среќава. Сеуште има родители кои велат дека наметнуваат телесни казни, бидејќи "така требало". Така треба, зашто така прават другите - родителите на нивните родители, пријателите, соседите. Треба да направите избор - среќно дете ли сакате да имате, или послушно?

Послушното дете тешко ќе се најде себе си, кога ќе стане возрасен. Тоа ќе се стреми да им угоди на сите, но никогаш нема да може да ги задоволи целосно. Ниту нив, а најмногу - себе!

5. Децата кои се тепани, често растат тајно и затворени. При агресивеноднос не постои доверба. Стравот го учи детето да се плаши.

Во контекст на незадоволство и гнев се уништува личноста на детето. Таа се претвора во една уплашена жртва. Или може да се случи непоправлива - детето само ќе ја изгуби почитта кон родителите.

Како точно ќе се казни детето - тоа е личен избор на секој родител. Не смееме да заборавиме две основни нешта - децата ни се наши помали копии. Средновековните методи на воспитување не се само бесмислени, но и крајно штетни. Љубете го, сфаќајте го, разговарајте со него, и за брзо ќе бидете бескрајно задоволни од резултатот!

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган