29 Март, 2024
0.0269

Родова еднаквост во справувањето со климатските ризици и прилагодување на климатските промени

Објавено во: Мои пари 05 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

Предизвиците и можностите за улогата на жените и мажите во соочувањето со последиците од климатските промени се во фокус на Првата регионална работилница за родова еднаквост во креирањето политики за справување со климатските процеси, што се одржува денеска и утре во Скопје.

Политиките за климатски промени на секоја земја треба да ја земат предвид различната улога на жените и мажите во градењето на отпорноста на заедницата на климатските промени.

„Во оваа насока потребна е обука, подигање на свеста на национално ниво преку процеси на комуникација организирани на национално ниво, со цел да се обезбеди еднаков ангажман на жените и мажите во донесувањето на одлуки во креирањето политики и справувањето со последиците од климатските промени“, рече Анита Коџоман од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

Различната ранливост на климатските ризици и начин на прилагодување бара различна ангажираност на жените и мажите во справувањето со и адаптација кон климатските промени и давање на одговор на следните прашања: Како климатските промени влијаат на мажите, а како на жените во секторите енергија, земјоделство, справување со отпадот како и различниот тип ранливост од климатски ризици и начините за адаптација на климатските промени. На пример, во анализите на поплавите од минатите години во некои од земјите од Западен Балкан нема податоци за најранливите категории или на кој начин биле погодени од поплавите на Балканот мажите, на кој жените.

„Одговорите на овие прашања ќе не доведат и до посоодветни мерки од националните институции кои ќе влијаат на создавање поодржлив систем за справување со климатските промени“, рече Дамиано Боргоњо, координатор на Глобалната програма за поддршка (GSP) на националните планови за климатски промени.

Како што беше истакнато на работилницата, националните планови на секоја земја треба да поддржат активности за поголемо вклучување на жените во донесувањето одлуки, обука, едукација, подигање на јавната свест, пристап до информации од јавен карактер со цел зајакнување на капацитетите на национално ниво за интегриран, родово балансиран одговор на климатските промени.

Во рамки на оваа работилница, секоја држава ќе подготви акциски планови за вклучување на родовиот аспект во климатските промени, а на регионално ниво ќе биде донесен план за заедничките активности на земјите од западен Балкан.

На првата регионална работилница од ваков карактер што се одржува во Скопје во организација на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) учествуваат претставници на министерствата одговорни за климатски промени и родови прашања и специјалисти за климатски промени од регионот на Западен Балкан, претставници на канцелариите на УНДП од регионот и од Либан, како и експерти за родови прасшања од Секретаријатото на Конвенцијата за климатски проемени во Бон, и секторот за родови прашања на УНДП во Њујорк.

Можеби ќе ве интересира

Приматели на плата - Рационалното управување со финансиските средства е клучно за безгрижна иднина

Приматели на плата - Рационалното управување со финансиските средства е клучно за безгрижна иднина

Неспоредливо забавно патување со Move TV, стриминг платформа со најголем број на ТВ канали во Македонија

Неспоредливо забавно патување со Move TV, стриминг платформа со најголем број на ТВ канали во Македонија

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца