19 Април, 2024
0.0263

РОКОТ ТЕЧЕ: 40 илјади даночни пријави веќе поднесени до УЈП

Објавено во: Финансии 26 Февруари, 2014

Добивај вести на Viber

Заклучно со вчерашниот ден, до Управата за јавни приходи биле поднесени вкупно 40.000 годишни даночни пријави, информираше директорот на Управата Горан Трајковски.
„Гледано во споредба со минатите години, сè поголем број граѓани ја исполнуваат обврската пред законскиот рок – 15 март, меѓутоа сè уште останува една категорија граѓани кои ќе го чекаат крајниот рок кога шалтерите во контакт центарот опслужуваат од седум до девет илјади граѓани“, истакна Трајковски.
Од јануари минатата година се користи и системот за е-даноци, така што може да се очекува дека оние граѓани кои се регистрирани на овој систем, ќе ги поднесат даночните пријави по електронски пат. УЈП денеска ја промовираше новата услуга „Е-промена на податоци“, со која секој граѓанин со јавување на бесплатната телефонска линиија 0800 33 000 ќе може да изврши промена на адресните податоци, телефонскиот број или електронската пошта, кои се водат во Регистарот на даночни обврзници на УЈП. Според Трајковски, со користење на оваа услуга се овозожува заштеда на време и трошоци за пријавување и ажурирање на адресните податоци за даночни цели во УЈП, а во Македонија било пресликано холандското решение.
„Сите граѓани на овој бесплатен телефонски број кажувајќи го своето име и презиме, матичниот број и бројот на даночното решение за кое се задолжени, можат да добијат од УЈП пин код, кој понатаму ќе го користат во комуникација со управата“, појасни Трајковски.
За сега пин-кодот може да се користи само за промена на адресните податоци, додека во следанта фаза, од средината на оваа година, пин-кодот ќе може да се користи и за проверка на состојбата во УЈП,  за пополнување на електронски решенија, како и за вршење на увид во даночната картичка. Досега оваа услуга ја користеа само правните субјекти.

Можеби ќе ве интересира

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин