Рокот за изградба на автопатот Миладиновци-Штип доби амин од пратениците за пролонгирање
Објавено во: Македонија 21 Септември, 2017
Една година плус рок за изградба доби автопатот Миладиновци-Штип .
Пратениците вчера дадоа зелено светло за Законот за изменување и дополнување на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на автопатите Миладиновци-Штип и на Кичево-Охрид.
Наместо до 1 мај 2017 рокот е пролонгиран до 30 септември 2018.
Власта и опозицијата наидоа на контрирања додека да го изгласаат законот со 65 гласови.
Одговарајќи на обвинувањата зошто се чекале три месци за да поминат законските измени, министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски посочи дека автопатот Кичево -Охрид е пример на криминал и дека тоа треба друг да го докажува и уште еднаш праша зошто до сега се пробиени роковите за изградба на патиштата кои дел од нив требало да бидат готови на 1 мај оваа година.
Сугаревски појасни дека тој не ја кочи изградбата туку рече дека ги исправа грешките на претходната власт која остави низа пропусти.
Според Илија Димовски од ВМРО ДПМНЕ изградбата на автопатите намерно била запрена.
Автопатите ги гради кинеската компанија „Синохидро“ .